14.8 C
Скопје
09:21 - 3 мај, 2024

ДУИ ОД ЧАИР ТРГНА ВО КАМПАЊА: Доста е со национални теми, да видиме што им фали на граѓаните

Ја стартуваше ли ДУИ предизборната кампања од скопски Чаир? Денеска високи партиски претставнции, без лидерот Али Ахмети, извршија увид во проширувањето и реконструкцијата на булеварот Никола Карев, познат како Пластичарска улица. Тие видоа и до каде е изведбата на атмосферската канализација и реконстуркицијата на подземните инсталации.

Министрите за економија и за образование Крешник Бектеши и Арбр Адеми, координаторот на пратеничката група Ејуп Халими и пратеникот Артан Груби, беа во тимот кој денеска прошетаа и во Старата скопска чаршија. Артан Груби во изјава за „Слободен печат“ вели дека целта на ваквите увиди и средби со граѓаните и дуќанџиите е да се запознаат со проблемите на еснафот, но и да видат до каде се со реализација на проектите кои се започнати во овој дел на градот.

– Освен на пластичарсаката улица, бевме и во Старата скопска чаршија. Сакавме да видиме до каде е реализацијата проектот со кој се планира промена на 63 излози на старите дуќани. Дуќанџиите не запознаа и со актуелните проблеми со кои секојдневно се соочуваат, а тоа се недостаток од паркинг простор, но и камери за набљудување по улиците на чаршијата – рече Груби.

 

Во денешната агенда на високите партиски функционери на ДУИ е и ручек со бизнисмените од Индустриската зона – Визбегово. Доцна попладне во големата сала на Општината Чаир ќе се сретнат со граѓани од оваа скопска населба. Целата оваа прошетка се реализира без партискот претседател Али Ахмети.

Утинава за Утрински брифинг вицепремиерот Бујар Османи, рече дека сите анкети покажуваат дека ДУИ ќе биде победникот во албанскиот блок и на овие избори. Националните теми, рече Османи, ги оставиле зад себе.

– Главни предизборни теми ќе ни бидат правна држава и ветингот, но и принципот на консензуално одлучување кое се покажа многу позитивно во изборот на претседател на државата. Ќе се обидеме да го промовираме како начин на функционирање во државата. На овие избори ќе се залагаме и за повисоки животни стандарди но и враќање на младите и на луѓето во државата. Изборната програма на ДУИ ќе се потпира на четири столба. Во претходниот мандат ги затворивме националните теми. Ние отвораме едно ново поглавје на ДУИ, тоа е поминување на квантитет во квалитет – рече Османи.

The post ДУИ ОД ЧАИР ТРГНА ВО КАМПАЊА: Доста е со национални теми, да видиме што им фали на граѓаните appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....