19.8 C
Скопје
10:53 - 1 мај, 2024

Држава на блокирани сметки

Најдобриот статус на Фејсбук што имав можност да го прочитам викендов беше објавен од Слободан Ангелевски, еден од најдуховитите мои пријатели на мрежата, кој во речиси секоја пригода го има вистинскиот коментар.

„Замисли работиш десет години и добиваш стан од фирмата и на никој ништо не му должиш… значи какви грозни времиња биле, не дај боже да ни се повторат“ – пишува Ангелевски, кој очигледно прави споредба на некогашните социјалистички времиња од едноумието, со овие денешниве на слобода и демократија. И навистина голем број Македонци некогаш добиваа општествени станови од претпријатијата во кои работеа, се разбира доколку ги исполнуваа условите за тоа.

Една од првите работи што беше укината со доаѓањето на слободата, демократијата и сувереноста беа токму општествените станови. Тие што веќе ги имаа, во 90-тите години од минатиот век добија можност да ги откупат за мали пари и да станат сопственици, без притоа да се задолжат.

Затоа и решавањето на станбеното прашање е главниот проблем на секој млад државјанин на оваа земја, без разлика дали некој сака да основа семејство или едноставно сака да се осамостoи од родителите. Доколку од равенката ги апсолвираме побогатите и тие што се помалку богати, но имаат наследено стан или куќа од баба и дедо или од тетката што немала деца, тогаш единствениот начин да се дојде до станбен простор е кредит.

Кредити издаваат банките и тука нема што многу да се објаснува. Условите се такви што тешко дека просечно семејство може да го издржи товарот на месечните рати, па голем дел од кредитираните граѓани паѓаат во „должничко ропство“.

– Колку е болно општеството покажува фактот дека над 100.000 сметки на граѓаните се блокирани. Тие трансакциски сметки се нефункционални, тие луѓе се дефинитивно издржувани лица од некој во семејството – вели Ана Глигорова активист од Движењето на слободни граѓани.

Системот е демократски, државата се води со плуралистичка политика, но сметките на граѓаните се блокирани.

Да бидеме начисто, немам никаква намера да го бранам едноумието и да заговарам некакви антидемократски процеси во земјава. Тоа што сакам да го потенцирам е дека во сиромаштијата и социјалната безизлезност се кријат и главните опасности за нашата кревка демократија. Не треба да се биде голем експерт за да се процени дека граѓаните со блокирани сметки или нерешено станбено прашање, со акламација би избрале политички лидер што ќе им ги реши проблемите, за сметка на нивната слобода и на сметка на нивните права.

Банките имаат своја улога во економијата и тие си ја работат својата работа. Државата, чија улога е далеку поголема, треба да се справи со проблемот на блокираните сметки на граѓаните, кои да повторам се најсигурниот пат кон антидемократските процеси.

The post Држава на блокирани сметки appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....