14.8 C
Скопје
22:30 - 2 мај, 2024

Добра (европска) и лоша (антиевропска) половина

Забележувам дека сите од „патриотскиот“ табор, ама буквално сите се против НАТО, а богами има и такви што „така се чувствуваат“. Но, сепак, на таа тема ми недостига малку повеќе искреност, како за почеток. А бидејќи искреност имаме „на рати“, одлучувам во што ќе нѐ чини нас да го следиме нивниот евроатлански пат? Ништо нема да нѐ чини, само може да бидеме подобри, побогати и можеме да имаме многу повеќе човекови права и разни граѓански слободи, токму по примерот на најбогатите држави. Во овој текст да се осврнам на некои важни политички резонанси – зошто НАТО е важно. Не само зошто е важно, туку поради НАТО се менува целата политичка и културна парадигма во земјата.

Ги гледам, не дека не ги гледам, ми зборуваат оние од „патриотскиот“ табор, „зошто ни е тоа, што бараме тамо, да си ги гледаме нашите работи…“ Станува збор за луѓе на кои воените знаења им завршуваат на начин што разликуваат пушка од пиштол. Во таа смисла, што воопшто значи нивното мислење за тоа што Северна Македонија пристапи во НАТО – кој ѝ како за тоа одлучи – да влеземе во „воениот сојуз“?

Од друга страна, некој можеби ќе се праша какво е моето воено искуство, со што јас толку се истакнувам за да имам подобри аргументации за влезот во НАТО? Да бидам искрен, војската, пушките и пиштолите ме интересираат исто онолку колку што ме интересира начинот на кој се подготвува пилешко рижото. Сѐ што знам за тоа јадење е да го нарачам и да го изедам. Па, сепак, јас, како и многу луѓе во оваа земја, имам мислење зошто е добро што влеговме во НАТО.

Дури, ми се чини, беспредметно е да се биде „за“ или „против“ НАТО, без разлика дали се тие анонимни или „истакнати јавни личности“, односно да се биде „за“ или „против“ НАТО е исто како кога човек оди на пазар и одлучува дали ќе купи од зелените или од црвените пиперки: станува збор за statement – потврда. Ништо повеќе и ништо помалку. Членството во НАТО е објавување на сопствените политички и вредносни преференции.

А силата што ги влече „патриотите“ да бидат против НАТО, ги става во губитничка позиција. Зошто? Затоа што да бидете контра НАТО е неподносливо лесно, и тоа не е само поради лигавата и во основа подла „реторичка емоционализација“ по тоа прашање. И сега, дозволете да се задржиме на оваа точка: приказната да се биде против НАТО некако им имплицира на „патриотите“ да се биде против САД, а суштински се работи за нешто друго. За што се работи, море, Јовановиќ? Па, веќе ви кажав: за вредносен став или попросто речено: дали Северна Македонија ќе биде дел од „западниот свет“ или ќе биде нешто друго. Додуша, не се знае што е тоа „нешто друго“, не се знае ниту дали тоа друго постои, само е важно да е Друго (Балканот како Другост!).

Но, да се вратиме на блажениот социјален конформизам: на една „стилска“ страна од базично една-те-иста-реторика, онаа „десната“, ајде да ја наречеме националистичко-изолационистичка Македонија, која секогаш е „надрндана“ на „католичко-протестанско-јудеомасонскиот Запад“, а НАТО го користат како најобичен таргет, НАТО за нив претставува многу полесна мета од, да речеме, Европската Унија. А, исто така, да ми верувате на збор, има и многу „леви“ интелектуалци, од лечени и недолечени „груевисти“, поранешни и вечни „шеесетосмаши“, па сѐ до оние „леви“ дисиденти кои фино (и квалитетно!) ручкаат низ Дебар Маало, вклучувајќи ги и оние фенси-шменси антиглобалисти, мамини и татини револуционери кои „герилски“ се борат на Фејсбук итн. Па, добро, Јовановиќу, кој ни останува релевантен?

Останува најрелевантен тој што треба да остане, а тоа е владата на Заев, која, факт е, мисли политички, а не мисли „претполитички“ и „потполитички“, како сите оние што ви ги набројав. И тука нема што и кого посебно да импресионира. Власта е таа која треба да се занимава со реал-политика, затоа што оваа влада размислува политички. А, ако го слушавме Мицкоски, никогаш немаше да влеземе во НАТО.

Затоа, да се вратиме на изворот: Заев ја внесе земјата во НАТО, откако го потпиша добрососедскиот билатерален договор во Преспа. И, што се однесува до мене, би му сугерирал на премиерот – од ова колумнистичко место – демонстративно да излеземе од НАТО, тогаш кога ќе излезат Данска, Холандија или Словенија, тие три „грозни“ земји со „грозно“ ниво на човекови права и граѓански слободи од сите видови. Се шегувам, се разбира. Словенија, Холандија и Данска никогаш нема да излезат од НАТО, а ако тие се разумни, што ќе нѐ чини нас да го следиме нивниот евроатлантски пат? Ништо нема да нѐ чини, само може да бидеме подобри, побогати и можеме да имаме многу повеќе човекови права и разни граѓански слободи, токму по примерот на најбогатите држави.

The post Добра (европска) и лоша (антиевропска) половина appeared first on Слободен печат.


Добра (европска) и лоша (антиевропска) половина was first posted on октомври 8, 2020 at 8:46 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....