12.8 C
Скопје
11:17 - 4 мај, 2024

Дали коронавирусот е создаден во лабораторијата во Вухан?

Американските разузнавачи ќе истражат дали коронавирусот е создаден во лабораторија во Вухан па случајно излегол од таму, пишува Си-Ен-Ен.

Станува збор за една од неколку теории кои разузнавачките служби ги испитуваат, но Американците засега не сметаат дека вирусот е создаден за време на развивање на било каков облик на биолошко оружје, тврдат извори на Си-Ен-Ен. Ваква истрага е вообичаена во вакви и во слични ситуации, а теоријата дека вирусот е создаден по неприроден пат ја заговараат некои републиканци од Конгресот и цврсти заговорници на политиката на Доналд Трамп.

Разузнавачите наводно се уште не успеале да ја докажат таа теорија, но ги разгледуваат сите опции, па така и таа дека некој случајно од лабораторијата излегол со коронавирусот и така го проширил. Потсетуваме, според официјалната теорија, коронавирусот прв пат се појави во средина на ноември на пазар за храна во Вухан. Агнетите наводно имаат чувствителни информации кои би можеле да укажуваат на кинеската влада, но изворите на Си-Ен-Ен тврдат дека точното време и начинот на создавање на вирусот веројатно никогаш нема да може да се докаже.

„Се детално ќе истражиме, но досега собраните докази укажуваат на тоа дека вирусот е создаден во природата. Но, се уште ништо не знаеме“, рекол шефот на кабинет на Трамп, Марк Мили

Кина би требала да одговара

Теоријата за вештачка синтеза на вирусот ја одлучно ја одби кинеската влада, како и бројни светски експерти. Извор близок до Белата куќа рекол дека секогаш кога ќе се појави некој вирус или слично почнуваат теориите дека тој е создаден во лабораторија. Друг извор тврди дека Кина сеедно би можела да одговара за тоа како реагирала во кризата, но дека ќе треба време за тоа да се докаже.

Вашингтон пост објави дека американскиот Стејт Департмент уште во 2018 година предупреди на ниски безбедносни стандарди на инситутот за вирологија во Вухан. Новинарите за тоа го испитувале главниот државен секретар, Мајк Помпео кој не ги демантираше, но рекол дека тоа не значи дека вирусот е создаден во лабораторијата.

„Кинеската комунистичка партија не ни даде пристап на информациите на самиот почеток на оваа криза. Знаеме дека ја имаат таа лабораторија и знаеме за тој пазар за храна. Знаеме дека вирусот е создаден во Вухан, па кога сите тие факти ќе ги споите во една приказна можеби ќе дојдете до одредени заклучоци. Но, има уште многу работи што не ги знаеме и ќе бараме одговор на сите прашања“, рече Помпео.

The post Дали коронавирусот е создаден во лабораторијата во Вухан? appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....