24.8 C
Скопје
15:20 - 1 мај, 2024

Богдановиќ: Ќе го смениме изгледот на просторот кај „Треска“, нема да има само згради „наполитанки“ и бетон (ВИДЕО)

Деновиве, на вонредна седница, Советот на Општина Центар го усвои Заклучокот со кој се одлучи  по пат на јавен конкурс да се уреди локацијата кај поранешна „Треска”. Што значи тоа во практика, за тоа како јавниот конкурс ќе се усогласува со постоечкиот ГУП и ДУП, за заложбите да се работи во интерес на граѓаните, за весникот „Слободен печат“ зборува првиот човек на Центар, Саша Богдановиќ.

– Идејата на Асоцијацијата на архитекти, на Комората на градежни архитекти, на дел од граѓански здруженија, па еве и наша, е неколку такви слободни простори кои сè уште не се урбанизирани,  да бидат предмет на конкурс, каде што секој архитект или група на архитекти ќе можат да дадат одредено решение како би требало да изгледа тој простор, со тоа што би ги задоволило параметрите на Генералниот план, позитивните законски прописи,  но и потребите на Општината. Таму во претходен план од 2012 година, според ГУП има вцртано нула проценти зеленило. Сè се згради, кои јас ги викам наполитанки, коишто се само бетон и ништо повеќе. Овој концепт што сега го размислуваме и кој очекуваме да произлезе во едно дефинитивно конкурсно решение, ќе даде нов облик на планирање, односно ќе даде можност да се задоволат потребите и параметрите што ќе произлезат од ГУП, но и да се вградат некои принципи со кои ние се бориме – вели градоначалникот Богдановиќ .

Тој одговара и на обвинувањето на претседателката на Советот на Општина Центар, Јана Белчева,  дека конкурсот е само легален параван зад кој се кријат бизнис интереси.

– Ако јас како градоначалник и Општина Центар сме работеле во интерес на инвеститорите, после пресудата на Уставниот суд да се укине првиот мораториум, ние ќе дигневме раце и ќе кажевме нека работат по старите планови. Уставен суд по сила на закон не се коментира, само се спроведува. Ние ја изменивме одлуката и донесовме нова одлука за мораториум. Ако работиме во интерес на инвеститорите нема да добиваме секој ден барања и закани за тужби. Многу е тежок овој процес, многу е лесно да ја напуштите битката ако не ви се допаѓа или ако не сте спремни да се борите – објаснува градоначалникот во интервју за весникот „Слободен печат“.

Интервјуто во целост ќе може да го прочитате во понеделничкиот број на печатеното издание.

The post Богдановиќ: Ќе го смениме изгледот на просторот кај „Треска“, нема да има само згради „наполитанки“ и бетон (ВИДЕО) appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....