9.8 C
Скопје
00:41 - 20 април, 2024

Ајде, Филипче, зарази се веќе еднаш!

Ве поздрави Младоженецот кој на 24 мај изјави дека „ковид-19 го победивме и од овој момент можам да го прогласам за мртов, еднаш засекогаш“!

И остана жив. Арно не предложи да се пијат средства за дезинфекција.

Седум дена потоа, како по епидемиолошки учебник, почнавме да броиме десетици заразени во нови кластери во Чаир, Бутел, Сарај и Тетово, каде многумина и не веруваат дека вирусот постои. Броењето ќе потрае барем уште една недела, додека не го победиме ковид-19 еднаш засекогаш. За жал, кај некои од изброените новозаразени таа „победа“ може и навистина да биде – засекогаш.

На тоа Филипче вели, трендот е влошен, порастот на бројката на заразени ќе трае и во наредните денови, но без паника, кластерите на заразени се епидемиолошки идентификувани, ќе ја совладаме и оваа нова лоша фаза на кризата. А фактот што петнаесетина високи функционери во државата во еден ден отидоа во самоизолација е доказ дека власта се однесува максимално одговорно, токму демонстрирајќи во јавноста какво треба да ни е здравственото поведение доколку сме имале контакт со некој потврдено заразен. Непријатно, но неопходно.

На Филипче и на тие околу него устата пена им фати од повторување на потребата граѓаните да ги спроведуваат насоките за однесување во услови на епидемија. Маски, маски, маски… Дистанца, дистанца, дистанца… Седете повеќе дома, пријавете симптоми, кажете со кого сте се дружеле ако се заразите… Доколку има потреба, повторно карантин во Скопје, Тетово, можеби и Штип.

Оти, што требаше да прави Здравствената комисија со Младоженецот, на пример? Или со овие што играат по кафеански маси? Или со многу од нашите синови и ќерки кои, наспроти сè, не престануваат да се журкаат и да се собираат по паркови и излетнички места? Или со… И така натаму. Знаеме колку луѓе по сите можни социјални и асоцијални мрежи заговараат игнорирање или „олабавување“ на мерките – би можеле неколку универзитети да составиме ако ги преброите докторите по различни науки кои бараат слобода, наместо карантин, бидејќи со рестрикциите се претерало! И, обратно, оние кои заговараат комплетен лок-даун до догледна иднина. Да не ги спомнуваме и тие кои имаат „животен“ партиски и пропаганден интерес во ширењето хистерија.

Затоа тој Филипче и таа Здравствена комисија сè уште делуваат најрационално во целата какофонија. Нивните проценки и прогнози се сè уште најрационални, независно од политичките и други притисоци. Дури и покрај нудењето на подробни објаснувања на секојдневните долги конференции за печат на кои се демонстрира желба за целосна транспарентност – нешто што не е практика во најголемиот број држави во светот кои се справуваат и со неспоредливо потешки состојби со последиците од пандемијата.

Мојот впечаток е дека угледот на Филипче нема да се наруши во пошироката јавност, наспроти продолжувањето на неповолните здравствени извештаи оваа недела. Оние кои сега, од јасни политички или сеирџиски причини, со нетрпение чекаат и Филипче да се зарази и најжестоко го оспоруваат неговиот и авторитетот на другите здравствени експерти, самите ќе доживеат пропаганден контра-ефект веќе идната недела, кога се очекува смирувањето и на овој бран на ширење на заразата.

Таква е оваа злобна болест, справувањето со неа бара рационален пристап, трпение и гледање на работите подалеку од сопствениот нос.

Цивилмедиа

The post Ајде, Филипче, зарази се веќе еднаш! appeared first on Слободен печат.


Ајде, Филипче, зарази се веќе еднаш! was first posted on јуни 2, 2020 at 8:43 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....