21.8 C
Скопје
19:25 - 2 мај, 2024

Хаос со партиципацијата: Уредбата задоцни, кој платил нема да му се врати!

Одлуката за ослободување од плаќање партиципација на пациентите со ковид-19 не може да важи ретроактивно, како што беше наведено во соопштението на Владата викендов, објаснуваат од Министерството за здравство.

– Владата донесе Уредба со законска сила за примена на Законот за здравствено осигурување за време на вонредна состојба, според која сите осигуреници како и осигурениците на кои им се ускратени правата од задолжително здравствено осигурување, да можат во здравствените установи да користат здравствени услуги поврзани со дијагностицирањето и лекувањето од коронавирусот на товар на Фондот за здравствено осигурување, за времетраење на вонредната состојба и по престанок на траењето на вонредната состојба до 31.12.2020 година – велат од Министерството за здравство.

Оваа одлука, додаваат оттаму, не може да важи ретроактивно, односно оние што веќе платиле, немаат право парите да ги бараат назад.

– Одлуката за ослободување од партиципација важи откога е донесена па натаму – велат од МЗ.

Зошто оваа одлука ја носат дури сега, повеќе од два месеца откако е прогласена епидемија во државата, не кажуваат. На почетокот на епидемијата беше донесена Уредба на Законот за здравствено осигурување, со која право на бесплатно лекување и дијагностицирање на ковид-19 добиваат и неосигурените лица. Но, тогаш надлежните не ги ослободија осигурените од партиципација.

Владата, пак, викендов соопшти дека со дополнение на Уредбата со законска сила за примена на Законот за здравствено осигурување се предвидува ослободување од партиципација на осигурениците при користење на здравствените услуги поврзани со дијагностицирање и лекување на коронавирусот.

„За овие одредби се предвидува примена со повратно дејство од 26.2.2020 година, бидејќи е поповолно за граѓаните, а според членот 52 од Уставот на Република Северна Македонија“, се вели во соопштението, кое повеќе не е достапно на интернет-страницата на Владата.

По донесувањето на оваа одлука, имаше реакции дека таа не може да важи ретроактивно, бидејќи со тоа би се прекршил законот.

Инаку, „Слободен печат“ минатата недела побара одговор од Министерството за здравство дали пациентите со ковид-19 плаќаат партиципација, на што прво беше даден одговор дека плаќаат, а потоа дека не плаќаат, бидејќи како што тврдеа тогаш е донесена уредба за ослободување.

The post Хаос со партиципацијата: Уредбата задоцни, кој платил нема да му се врати! appeared first on Слободен печат.


Хаос со партиципацијата: Уредбата задоцни, кој платил нема да му се врати! was first posted on јуни 2, 2020 at 8:40 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....