17.8 C
Скопје
15:24 - 4 мај, 2024

Агенти на ФБИ упаднаа во кинескиот конзулат во Хјустон

Агенти на ФБИ и локалната полиција упаднаа во комплексот на кинескиот конзулат во Хјустон, откако американската администрација претходно нареди затворање на кинеската дипломатска мисија поради сомневања за шпионажа, јави Си Ен Ен.

Американските владини официјални претставници претходно им кажаа на новинарите дека вработените во кинескиот конзулат се осомничени дека „директно учествувале во комуникациите со истражувачите од научно-истражувачките установи во Тексас и вршеле влијание врз нив, со цел нелегално да се добијат чувствителни информации”.

Според американски претставник, активностите во конзултатот во Хјустон се само мал дел од нелегалните операции во кои се вклучени луѓе од над 25 различни локации.

Кинеското Министерство за надворешни работи оцени дека барањето од САД за 72 часа да запрат сите операции и активности во конзулатот во Хјустон како „ескалација през преседан во и онака тензичните односи меѓу двете земји”. На наредбата на САД за конзулатот во Хјустон, Кина одговори со барање за затворање на американскиот конзулат во Ченгду.

The post Агенти на ФБИ упаднаа во кинескиот конзулат во Хјустон appeared first on Слободен печат.


Агенти на ФБИ упаднаа во кинескиот конзулат во Хјустон was first posted on јули 25, 2020 at 9:17 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....