15.8 C
Скопје
23:22 - 19 мај, 2022

ЗЛАТЕН ГЛОБУС (Golden Globe) 2022: Сите добитници на 79-тото издание, без позирања со награди во рака, без помпа, со неколку скандалчиња!

Ноќта меѓу сабота 9ти и недела, 10. јануари, 79-тото издание на наградите Златен глобус се одржа на секако необичен начин: немаше ѕвезди, црвен тепих и пренос во живо. Здружението на странски печат на Холивуд ги објави титулите и победничките уметници без големата церемонија што претходеше на многу очекуваната церемонија на доделување награди. Немаше презентации, прес-конференции ни говори со наградата во рака.

Имињата на победниците беа објавени во текот на ноќта на официјалната веб-страница. По неколку скандали поради некои непромислени гласови и обвинувања за расизам поради отсуство на црнци во комисијата, ова издание може да се смета за најмалку следено досега.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Golden Globes (@goldenglobes)

Меѓу номинираните наслови доминира „The Power of the Dog“ на Џејн Кемпион,  „Succession “ и римејкот на легендарниот мјузикл „West Side Story“ (со наградата за најдобра комедија или музички филм, најдобра актерка за Рејчел Зеглер и најдобра Споредна женска улога за Аријана ДеБоз).

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Golden Globes (@goldenglobes)

Еве ја листата на победници. 

  • Најдобар филм драма: The Power of the Dog
  • Најдобар филм – мјузикл, комедија: West Side Story
  • Најдобра глумица во филм – драма: Никол Кидман во Being the Ricardos
  • Најдобар глумец во филм – драма: Вил Смит во King Richard
  • Најдобра глумица во филм, комедија, мјзуикл: Рејчел Зеглер во West Side Story
  • Најдобар глумец во филм, мјузикл, комедија: Ендрју Гарфилд во Tick, Tick … Boom!
  • Најдобра епизодна улога – жени: Aријана Дебос, West Side Story
  • Најдобра епизодна улога – мажи: Коди Смит Мекфи во филмот The Power of the Dog
  • Најдобар режисер: Џејн Кемпион за The Power of the Dog
  • Најдобро сценарио: Кенет Бран за Belfas
  • Најдобар анимиран филм: Encanto
  • Најдобар филм на странски јазик: јапонскиот Drive My Car
  • Најдобра песна за филм: No Time to Die од новиот филм за Џејмс Бонд „Нема време за умирање“, Били Ајлиш и Фојнес О Конел.
  • Најдобра тв серија, драма: Succession
  • Најдобра глумица во ТВ серија: М Џеј Родригез во серијата Pose
  • Најдобар глумец во ТВ серија : Џереми Стронг во Succession
  • Најдобра тв серија: Hacks
  • Најдобра мини серија или ТВ филм: The Underground Railroad

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Golden Globes (@goldenglobes)

 

 

Слични објави

Запленет автомобилот на Шарлин од Монако, Алберт не ѝ дозволува веќе да вози – тажна причина

Еспресо

Луѓето со крвна група А имаат поголем ризик од инфаркт

Еспресо

(ФОТО) Тетоважите на Криси Тајген, Хејли Бибер и Аријана Гранде се вистински хит: Летен тату-тренд кој ги преплави социјалните мрежи

М.Р.

Збогум за Вангелис, славниот грчки композитор почина во Париз

Еспресо

Зеленски во везена кошула го слави Денот на Вишиванка, еве ја симболиката

Еспресо

(ФОТО) Поранешното момче на Цеца се прегрнува со оваа пејачка: Сандра била гостинка на роденденската прослава на Боогдан!

М. Р.
Се вчитува....