18:21 - 11 ноември, 2026

Жените го продаваат своето млеко на интернет, а не знаат дека тоа има катастрофални последици за бебето!

Сите мајки не се во можност да го дојат своето бебе, дури 15% од жените имаат проблеми со тоа, пишува The Sun. 

Сепак, илјадници жени го продаваат своето млека на онлајн форуми и Фејсбук групи, за да помогнат на оние кои не можат да дојат.

Profimedia

Колку и да звучи како убав гест, стручњаците се загрижени дека на овој начин бебињата се изложени на опасност од тоа да се заразат со некоја смртоносна болест како хепатитис и ХИВ.

За ваквиот вид на продажба не постојат закони, но во некои земји како Британија и Ирска е потполно нелегална.

Со оглед на тоа дека оваа невообичаена продажба може да има последици и предизвика штете, таа би можела да спаѓа во областа на закони прекршоци кои се нарекуваат „одговорност за производи“ или „закон за неисправни производи“. Судовите за овој прекршок не пишуваат казна, но често им налагаат на обвинетите да исплатат надокната на оштетената страна.

Според законот, мајчиното млеко би се сметало за „производ“ како што се и животинското млеко, храната за бебиња и крв.

БАКТЕРИЈСКИ И ВИРУСНИ ИНФЕКЦИИ

Во случај мајчиното млеко купено преку интернет, „штетата“ веројатно би значела смрт или повреда на личноста која го конзумирала млекото. Штета можат да претстават и болестите или бактеријските инфекции како што се салмонела и стрептокока или вирусните инфекции како ХИВ.

На пример, салмонелата може да ја пренесат и домашните миленичиња, како што се влекачи, а може да ја пренесат и храната како пилешко и јајца. ХИВ би било полесно да се докаже, бидејќи тој од заразената личност ја шири само на одреден начин, преку телесни течности како што се крв и мајчино млеко.

Слични објави

Викенд-појадок што мириса на детство — меки ролнички со сирење, готови за помалку од еден час

К.С.

„Жената не е ничија сопственост“: Вики Чадиковска остро реагираше на изјавите на Петар Богојески за машкиот надзор

К.С.

Исидора Бјелица пред смртта открила што ѝ е заедничко со другите пациенти со истата дијагноза

Е.А.

(Фото) Ќеркичката на Филип Талески наполни четири години — роденденска прослава со „Мечињата со добро срце“

К.С.

Фитнес тренерите Софија и Марио ќе станат родители — yбавата вест ја открија на плажа во Дубаи

К.С

(Фото) Цеце Николова вљубена и среќна на Кипар — ужива со саканиот Јане во Аја Напа

apostolova
Се вчитува....