23.8 C
Скопје
15:55 - 19 октомври, 2026

(Видео) Елена Ристеска се врати на Макфест со сосема нов имиџ: „Ме боли за сè“

На ревијалната вечер на сцената на Макфест, синоќа ја видовме и поп пејачката Елена Ристеска која се врати со сосема променет изглед.

Пред почетокот на настапот таа рече дека „нема натпреварувачки дух“ но дека носи заразна песна која, меѓу другото, порачува да не се биде негативен.

 

Bekyk hierdie plasing op Instagram

 

‘n Plasing gedeel deur ELENA RISTESKA ERA (@elenaristeska_era)

Музиката, аранжманот и продукцијата на песната се на Александар Масевски, а текстот е напишан од Масевски и Ристеска.

Елена на сцената блесна во виолетов комплет во комбинација со високи потпетици, додека косата ѝ беше уредена во предимензионирани плетенки. Изгледот го комплетираше со виолетови очила, а песната ја изведе седејќи на фотелја на сцената.

Од тимот на Елена најавуваат дека „Ме боли за сè“ наскоро ќе го добие својот официјален видео запис.

Слични објави

Фитнес тренерите Софија и Марио ќе станат родители — yбавата вест ја открија на плажа во Дубаи

К.С

(Фото) Цеце Николова вљубена и среќна на Кипар — ужива со саканиот Јане во Аја Напа

apostolova

(Видео) Александра Пријовиќ оживеа фолк-хит од 2005 година, „Тикток“ полуде по песната

Еспресо

Јелена Спенџарска доживеа необична средба во такси во Скопје: „Возачот ми покажа наша фотографија стара повеќе од една деценија“

Еспресо

Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ секојдневно се слушаат — нивната ќерка наскоро се сели во Милано

Еспресо

(Фото) Медениот месец не ѝ започна според планот – Аница Лазиќ ја опиша драмата на патот кон Италија

Еспресо
Се вчитува....