17.4 C
Скопје
05:45 - 10 јули, 2026

Рада Манојловиќ откри: „Ми беше многу тешко да се откажам од таблетите“

Пејачката Рада Манојловиќ неодамна јавно зборуваше за личната борба со лекови за смирување, кои во еден момент ѝ создале зависност.

„Ми беше многу тешко да се откажам од таблетите“

„Тоа е многу незгодна работа. Бев навистина навлечена. Шест месеци не можев да се откажам од Ксанакс. Го раскажувам ова јавно затоа што секој што мисли: ‘Ќе земам, па ќе престанам кога ќе проценам дека не ми треба повеќе’ – се лаже сам себе. Не е така лесно. Многу ми беше тешко да се ослободам од таблетите. Лекови би препорачала само кога навистина нема излез, на пример ако изгубите член на семејството и навистина ви требаат за да го ублажите болот“, предупреди Манојловиќ.

Поради љубов, Рада имала проблеми со несоница и тогаш почнала да користи Ксанакс.

„Ми беше лесно додека бев со хемијата, но ми беше тешко да престанам, да се откажам. Никогаш не требаше тоа да го направам без совет од лекар. Лекот за смирување ми значеше сон. Тогаш не можев да спијам, бев во една врска, а се заљубив во друг. По совет од лекар успеав да престанам со Ксанакс. Бев ‘паметна’ после осум месеци прекинав одеднаш. Првиот ден беше ок, вториот ден потење, третиот ден… Презнојување, потоа спиев 48 часа, уште полошо… Катастрофа од сон. Потоа направив она што требаше од почеток побарав совет од стручњак. Тие ми рекоа: пиеш два, па 1.75, по еден и пол, па така на секои две недели помалку“, раскажа пејачката.

„Милан Станковиќ ни сврте грб“

Таткото на Рада, неодамна зборуваше за нејзиното поранешно момче.

„Рада му помогна на Милан финансиски да излезе од Гранд продукција, а тој за пет години врска не се потруди ниту еднаш да дојде кај нас. Мојата ќерка одеше кај него на слави и прослави, а тој кај нас не дојде никогаш. Тоа многу ми пречеше“, искрено рече Раде, кој потоа призна дека го изненадил заминувањето на Станковиќ во манастир.

Слични објави

(Фото) Ова се вика рај на земјата: Нина Бадриќ покажа дел од својата куќа на Хвар, обожавателите воодушевени

Еспресо

Радосна вест: Никола Мицевски е првиот Македонец што влегол во финале на музичките награди во Лос Анџелес

Еспресо

Дечкото на Јована Јеремиќ ги покажа мускулите на плажа: „Тигар“ ја одведе водителката на луксузен одмор

Е.А.

(Фото) Најпознатата српска инфлуенсерка во солзи поради сопругот, голманот на Курасао: „Мислев дека ќе добијам срцев удар“

Еспресо

(Видео) Цеца во патики на концертот на Рики Мартин во Белград: „Атмосферата е на максимум“

Еспресо

Сосетката откри што навистина се случило со оазата на Драган Николиќ во Баошиќ по неговата смрт

E.A.
Се вчитува....