22:58 - 21 ноември, 2026

Нашата Кристина Димитријевска е најубавата девојка на Балканот (ФОТО)

Вчеравечер во познат хотел во српската престолнина се одржа официјалниот избор за „Мис на Балканот“ за 2019 година.

Победничка е нашата Кристина Димитријевска (23) од Тетово.

Фото: Приватна архива

Таа во силна конкуренција меѓу девојките од балканските држави ја освои оваа престижна и ласкава титула и на некој начин ја потврди титулата „Новогодишна Балканска убавица“, која ја освои уште на свои 17 години.

Фото: Приватна архива

Титулата Прва придружничка ја освои претставничката на Србија, а Втора придружничка е девојката од Црна Гора, ни изјавија од Модното Студио Црнокрак, кои ја поседуваат лиценцата за Македонија за овој балкански избор за убавина и преку кои преубавата Кристина настапи во Белград.

Фото: Приватна атрхива
Фото: Приватна архива

Круната и ја предаде поранешната победничка, Дениса Ходисон од Романија.

Да потсетиме, Кристина е поранешна сопруга на пејачот Даниел Кајмакоски.

Слични објави

Викенд-појадок што мириса на детство — меки ролнички со сирење, готови за помалку од еден час

К.С.

„Жената не е ничија сопственост“: Вики Чадиковска остро реагираше на изјавите на Петар Богојески за машкиот надзор

К.С.

Исидора Бјелица пред смртта открила што ѝ е заедничко со другите пациенти со истата дијагноза

Е.А.

(Фото) Ќеркичката на Филип Талески наполни четири години — роденденска прослава со „Мечињата со добро срце“

К.С.

Фитнес тренерите Софија и Марио ќе станат родители — yбавата вест ја открија на плажа во Дубаи

К.С

(Фото) Цеце Николова вљубена и среќна на Кипар — ужива со саканиот Јане во Аја Напа

apostolova
Се вчитува....