-4.2 C
Скопје
02:36 - 18 декември, 2025

3 природни средства за постојано чист и миризлив тепих

Иако чистењето на теписите на никого не му е омилено, сепак тоа мора да се направи, а овие 3 евтини и природни совети ќе ви помогнат да го освежите вашиот тепих и да се ослободите од настанатите дамки.

Постојат три најголеми проблеми со теписите:

– Заглавени нечистотии во внатрешноста на тепихот
–  Дамки
–  Непријатен мирис

Овие 3 средства ќе им стават крај на вашите проблеми.

 

1. Средство за длабинско чистење

Потребни состојки:

– ½ филџан сода бикарбона
– 10 капки етерично масло од кедар
– 10 капки етерично масло од лимета

Вметнете ги сите состојки во пластична вреќа и оставете ги да стојат еден ден. Пред користење на припремената смеса, исмукајте уште еднаш, посипете ја смесата по целата површина, шприцнете чиста вода и со четка добро истријте го тепихот. Смесата оставете ја да стои најмалку половина час, а потоа повторно всмукајте.

2. Средство за отстранување дамки

Потребни состојки:

– 1 лажичка алкохолен оцет
– 3 лажички обична вода

Направете раствор од алкохолен оцет и обична вода. Потопете крпа во растворот и со неа избришете ја дамката. Потоа, ставете ја крпата преку дамката и поминете низ неа со загреана пегла. Оцетот и водата ќе ја впијат дамката. Повторувајте го процесот сѐ додека не исчезне дамката.

3. Средство за отстранување на непријатен мирис

Потребни состојки:

– 2 лажици течен сапун
– 40 мл бел оцет
– ½ литар топла вода
– 1 лажичка боракс
– 6 капки етерично масло од лимон
– 3 капки етерично масло од чајно дрво

Во стаклен сад ставете ги сите состојки и добро измешајте, на крајот ставете ги во шише со шприц и додадете вода. Добро протресете и испрскајте по целата површина на тепихот, оставете околу 20 минути и потоа всмукајте.

Слични објави

„Швалерајот“ ги раздели моите, со татко ми бев скарана и по две години го видов мртов: Исповед на Ивана Кнез

Еспресо

(Фото) Иста љубов ги поврзува Тамара и Каролина повеќе од 30 години

Еспресо

(Фото) Горда баба: Ова го сподели Росана за внуците

Еспресо

(Видео) Четири години без јутјуберката Кика Ѓукиќ: Тагата на мајката Наташа не стивнува, ја покажа нејзината соба 

Еспресо

Денеска ќе наполнеше 48 години: Ксенија Пајчин со себе понесе голема тајна во гроб

Еспресо

(Фото) Вака живее вистинската елита: Најубавата хрватска новинарка и водителка покажа како изгледа нејзиниот „просечен“ ден во Дубаи

Еспресо
Се вчитува....