13.8 C
Скопје
21:45 - 13 мај, 2024

(Видео) Шакира ужива, Клара Чиа се пијанчи „до даска“: Камен пијана лежи на тротоар и тверка среде улица

По враќањето од Мајами, Жерар Пике се врати на својот бизнис со цел да ја направи посилна Лигата на кралевите. Но, според Nacional.cat, тој неодамна „се качил“ на авион и отпатувал за италијанскиот град Милано. По се изгледа дека не станува збор за рекреативно патување, бидејќи тоа го направи без придружба, овојпат, не беше во друштво на неговата партнерка Клара Чиа.

Неговата сегашна партнерка ги искористи овие денови без нејзиниот партнер за да излезе на забава, а тоа го потврдија и шпанските медиуми. Според емисијата „Chisme no like“, која сподели неколку фотографии од Клара Чиа, девојката на поранешната фудбалска ѕвезда ужива во ноќите во Барселона. Сепак, како што нагласуваат шпанските медиуми, забавите и биле „прекумерни“:

„Ќе ви покажеме колку е луда Клара Чиа. Пиеше алкохол, лежеше на под со крената нога. Ова е вистинската Клара Чиа. Ова не е онаа што ја гледаме со Пике, целата скромна. Од оваа Клара се плашеше Шакира. Сите нејзини пријателки се ловци на богати мажи, пијаници, девојки за забава“, објаснува Хавиер Церијани, водител на емисијата „Chisme no like“.

„Клара Чиа беше уловена пијана и како лежи на тротоар, во многу лоша состојба. Ја видовме како се забавува и спие кај пријателка, додека нејзиниот партнер патува. Сега ја знаеме нејзината нова личност, со шише алкохол со неа во рака“, вели водителот, покажувајќи ги папарацо-фотографиите.

„Од почетокот сакаа да ни “продадат“ срамежлива, резервирана Клара, со добри манири, која потекнува од милионерско семејство и добра студентка, која, патем, не ја гледаме повеќе да оди на универзитет“, продолжи тој.

Покрај тоа, на фотографиите може да се види како партнерката на Пике како тверка (мрда со задникот). Според забавната емисија, фотографиите и видеата се преземени директно од социјалните мрежи на пријателите на Шпанката и се направени сега, односно се актуелни, но некои фанови на Пике тврдат дека тоа не се случило баш „вчера“ туку пред скандалот со Шакира.

Во меѓувреме, Шакира која се пресели од Барселона во Мајами по разделбата од Пике, земајќи ги со себе двете деца кои ги има со фудбалерот, Милан и Саша, се забавува во друшто на ѕвезди од А-листата. Има доста заинтересирани ѕвезди за згодната Колумбијка која е „сингл“, а меѓу нив се суперѕвездата Том Круз, возачот на Формула 1 Луис Хамилтон, но и филмските ѕвезди Хенри Кавил и Крис Еванс.

(Фото) Луис Хамилтон и Том Круз не се единствените додворувачи на Шакира, пејачката ја посакуваат уште две холивудски ѕвезди: Еве кои ѕвездени имиња се во „игра“

Слични објави

Тончи Хуљиќ за Евровизија: „Цивилизацијата се распаѓа…“

еспресо

(Видео) „Чао, чао грд стану!“: Николина Пишек си ги спакува работите во кутии и се сели во вилата вредна 2 милиони

Еспресо

Андријана Јаневска за годинашната Евровизија: Ме поканија да ја претставувам Македонија на Евровизија, добро е што не отидов

Еспресо

(Фото) Која е убавата Исидора која му кажа „да“ на Сергеј Трифуновиќ, кој е 23 години постар од неа: Ќе се изненадите каде работи

Еспресо

Милионска бројка: Никола Роквиќ ја сподели точната сума на собраните пари

Еспресо

Се огласи членка на хрватското жири на Евровизија: „Не е фер што осудувате, еве како гласавме“

еспресо
Се вчитува....