09:03 - 13 ноември, 2026

Претставничката на Полска на Евровизија во центар на скандали: Нејзините сограѓани повикуваат да не гласаат за неа во финалето

Бланка Стајков, претставничката на Полска на Евровизија, се најде во центарот на скандал, а по нејзиниот настап на втората полуфинална вечер, нејзините сограѓани повикаа да не се гласа за неа во финалето.

Полјаците сметаат дека нејзината победа на националниот натпревар за Евровизија била наместена. Додека фаворит на јавноста, според тврдењата на социјалните мрежи, бил извесен музичар Јан, млад пејач кој настапил со песната „Гладијатор“, Стајков победила со песната „Соло“.

Додека таа очекуваше да стекне симпатии кај гледачите со своето атрактивно танцување и пресоблекување на сцената – изгледа дека тоа не се случи.

„Загарантирана последна позиција“, „какви видео ефекти се овие“, „не знае ни да пее“ – се само дел од коментарите на социјалните мрежи.

По потекло од Бугарија, Бланка ги поминала доцните тинејџерски години во САД со нејзината мајка следејќи го својот сон да стане поп ѕвезда. По враќањето во Полска, станала модел настапувајќи во шоуто „Топ модел“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Eurovision Song Contest (@eurovision)

Потоа, таа му се врати на пеењето и го издала својот прв сингл „Better“, а потпишала договор за издавање на вториот насловен „Соло“, кој го изведе во Ливерпул.

 

Слични објави

Мек колач за попладневното кафе — рецепт за куглоф со ванила и путер

К.С.

Дневен хороскоп за 13 ноември: Не ветувате повеќе отколку што можете да исполните

apostolova

Петок 13. по третпат годинава — како еден обичен датум стана симбол на лоша среќа?

К.С.

(Фото) За ваква „бомба“ вреди да се даде илјадници евра: Сопругата на Пеѓа Јовановиќ доби подарок за кој многу жени сонуваат

Еспресо

„Покрај сопругата имам и љубовница“: Миле Китиќ јавно призна дека ја изневерува сопругата Марта Савиќ

Еспресо

(Фото) На синот на Вељко Ражнатовиќ во градинка му облекле здолниште – боксерот бесен реагираше: „Нема спас ни во малите места“

Еспресо
Се вчитува....