6.8 C
Скопје
00:45 - 19 октомври, 2026

(Видео) Монах Арсеније „удри“ по Цеца и по „нејзиниот клон“ Пријовиќ: „Сељачишта, само тело…“

Александра Пријовиќ во последно време привлекува големо внимание, а додека многумина ѝ честитаат на големиот музички успех, има и такви кои не се задоволни и воодушевени од нејзиното однесување на сцената.

За феноменот „Пријовиќ“ зборуваше и познатиот монах Арсеније Јовановиќ, кој во својата проповед се осврна на нејзиниот успех.

принтскрин, јутјуб

Игуменот на манастирот Рибница кај Мионица е познат по тоа што има негативно мислење за популарната култура, а пред се за турбофолк музиката, што сака да го коментира во своите проповеди. Иако пред триесет или повеќе години беше во епицентарот на бранот на југословенскиот рокенрол, Арсеније откако се замонаши целосно се сврте против рокенролот, електронската музика и турбофолк музиката.

Еден дел од својот говор посвети на феноменот на Александра Пријовиќ.

– Сега се направи некаква комбинција на градски народњаци. Тука е главниот претставник Цеца и нејзината ученичка и нејзиниот клон Александра Пријовиќ. Целосно отсуствува секаков вид на бунт, каква било социјална критика. Само телото. Значи, сега турбофолкот и забавната музика се сублимираат во една насока и тоа е таа нова насока. Таа насока не е селска, сељачка е. Значи кога некој е сељачиште, не значи дека е од село. Селанец може да биде и универзитетски професор. Имате такви господа на село што ќе се зачудите. Таа сељачка новокомпонирана музика за жал го преправи целиот регион и пошироко. Сите се луди по неа.

@ilija..r..vujovic

♬ original sound – Илија Р. Вујовић

 

Слични објави

(Видео) Марија Шерифовиќ извади паштета среде ресторан во Бали и ја изеде за секунда – сите останаа во целосен шок

Еспресо

Тајната на најголемиот хит на Џеј исплива по 30 години: Песната „Од љубов до омраза“ била наменета за Цеца

apostolova

(Фото) Која од која поубава! Милица има две сестри, мајка ѝ објави прекрасна славеничка фотографија

Еспресо

(Фото) Се омажи ќерката на Ена Беговиќ – Лана го кажа судбоносното „да“ во елегантна венчаница која ја истакна нејзината фигура

Еспресо

(Видео) Скандал на хрватските пејачки во Нови Сад: „Зошто ме бакнуваш трипати?“

Еспресо

Ќерката на Гоца Тржан студира еден од најтешките факултети, пејачката откри дека имала тежок избор

Еспресо
Се вчитува....