07:51 - 13 ноември, 2026

(Видео) „Многу лошо сум“: Се огласи Ѓорѓе Давод на прес-конференција, „скршен“ од страшните слики што го прогонуваат

Пејачот Ѓорѓе Давид одржа прес-конференција по сообраќајната несреќа во Македонија, кога усмрти жена по судир на автопат.

Рокерот на конференцијата се појави во црно, видно депресивен и скршен и проговори за несреќата што се случи неодамна.

„Прво сакам јавно да изразам сочувство на господин Африн кој ја загуби сопругата во оваа грда приказна. Неговата најголема мака е ќерката која седела зад воланот. Таа неодамна положила возачки испит и го доживеала ова што го доживеа. Не би сакал да сум му во кожа, и јас имам ќерка и исто така ќе посакам да ја израдувам со автомобил. Уште кога бев мал и седнав на мотор ми рекоа дека себеси си ставам куршум на чело. Многу сум лошо, немам сон, сликите ми се враќаат. За да бидам уште појасен, важно ми е да сфатите дека тоа што некогаш беше блам, сега е најдобра маркентишка варијанта. Мојата психичка состојба е таква што мислам дека сум најсилен од својата генерација но ова ме скрши како шкорче. Со оваа траума ќе се борам но ќе се трудам да се изборам“ – рече рокерот.

– Во човечкиот мозок убавите слики се враќаат за време на спиењето, а тоа што ми се случи ќе се врати и во сон и на јаве. Бев таму околу 10 дена, имав обврска да останам додека да завршат тие главни работи. Можам само да кажам дека имав голема помош од самиот почеток од двајца луѓе кои ми беа на располагање 24 часа, морам да го спомнам и човекот кој ме угости во неговиот хотел, Зоки Рил, да не беа тие не знам како би поминал сам со себе со сите тие слики кои ме прогонуваат. Морам да ѝ се заблагодарам и на г-ѓа Теута, претседателката на Јавното обвинителство, која веруваше во мене. До неизвесен период, еднаш месечно ќе треба да се јавувам во обвинителството во Куманово. Зборот „концерт“ звучи грубо во моментот, но јас морам да си ја работам мојата работа како што вие ја работите вашата. Животот не чека и ме чекаат обврските, морам да продолжам како ништо да не ми е, а ѓаволите ме бркаат во целата оваа приказна – изјави Ѓорѓе Давид, пренесува српски Курир.

Слични објави

Петок 13. по третпат годинава — како еден обичен датум стана симбол на лоша среќа?

К.С.

(Фото) За ваква „бомба“ вреди да се даде илјадници евра: Сопругата на Пеѓа Јовановиќ доби подарок за кој многу жени сонуваат

Еспресо

„Покрај сопругата имам и љубовница“: Миле Китиќ јавно призна дека ја изневерува сопругата Марта Савиќ

Еспресо

(Фото) На синот на Вељко Ражнатовиќ во градинка му облекле здолниште – боксерот бесен реагираше: „Нема спас ни во малите места“

Еспресо

(Фото) „Ти недостасува внимание, мајсторе?“: Мина Костиќ жестоко му одговори на Ѓорѓе Давид откако тој го нарече Каспер дух!

Еспресо

(Фото) „Продолжуваме со нови песни и убави моменти!“ — Благоја Грујовски доби големо признание, честитки пристигнуваат од сите страни

К.С.
Се вчитува....