16:27 - 8 ноември, 2026

Прва прес-конференција на Ѓорѓе Давид: Доживеав страшен шок кога ја слушнав состојбата на моето семејство

Српскиот пејач Ѓорѓе Давид, ја одржа својата прва прес-конференција во Белград по тешката сообраќајна несреќа, во која загина 49-годишна кумановка пред граничниот премин Табановце.

Меѓу другото, пејачот откри и во каква состојба било неговото семејство по трагичните случувања, но и какво катастрофално сценарио, всушност, било избегнато.

„Бев пуштен од болница и полиција откако заврши процедурата, пристигнав во хотелот и се истуширав, отидов да спијам… Имав околу 2.500 повици кога станав. Ме бараа луѓе кои треба и не треба да ми се јавуваат. Доживеав страшен шок кога ја слушнав состојбата на моето семејство, сопругата Ана, детето, колегите… Моето семејство и членовите на мојата музичка група беа во катастрофална емотивна состојба. Тие се смирија некаде во вторникот, во третиот ден по несреќата, а тогаш почна мојата агонија“, рече тој и додаде:

„Автомобилот отиде во отпад, тотална загуба. Немам страв од возење бидејќи сум свесен за секој момент, секунда и момент. Километар и пол пред тоа обиколив долг камион, кој излезе со 110 на час, се движев со пропишаната брзина од 130 на час. Ако требаше да се случи, ако камионот налеташе на нив – немаше да остане ниту еден преживеан. Секакви работи ми поминуваат низ глава, секакви филмови. Дефинитивно, нема враќање назад и тоа е тоа“, изјави Ѓорѓе Давид.

Слични објави

Нападната босанската пејачка Алдина Бајиќ: Покажа модринки и најави дека ќе го пријави случајот во полиција

Еспресо

(Видео) Објавена домашна снимка од Јелена Карлеуша и Шева: Романтична атмосфера во вилата на Дедиње

Еспресо

(Видео) Тања Савиќ со свршеникот Муки и синовите отпатува на Малдивите: Еве како уживаат на луксузната дестинација

Еспресо

(Фото) Цеца настапи во спектакуларен костум од 7.000 евра пред 12.000 посетители во Бугарија

Еспресо

Може со години да го оштетува организмот без да почувствувате ништо — тивката опасност што го зголемува ризикот од мозочен удар

К.С.

Здравко Чолиќ за 45 минути пеење наплатил 45.000 евра, а имал и посебни барања за настапот

Т.Ц.
Се вчитува....