16:27 - 8 ноември, 2026

(Фото) Убавата водителка на „Ѕвездите на Гранд“ првпат го покажа трудничкиот стомак! Сања Кужет со секси шлиц на фустанот!

Српската водителка Сања Кужет (40) и нејзиниот сопруг Немања Живојиновиќ ќе добијат второ дете, исто така син. Парот веќе има еден наследник, додека на водителката тоа ќе ѝ биде трето бебе.

Сања, позната како убавата и харизматична водителка на спрското музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“, одлучи да се повлече од медиумите и целосно да се посвети и да ужива во бременоста, а многумина велат дека никогаш не изгледала подобро.

Водителката е активна трудница, а неодамна се појави на градски настан и за првпат го покажа трудничкиот стомак.

Сања облекла црн фустан со средна должина со длабок шлиц, а предниот дел го истакнал нејзиниот мал труднички стомак кој беше во преден план од профилот.

Водителката на „Ѕвездите на Гранд“, која сега се повлече поради бременоста,  со години е во хармонична врска со Немања Живојиновиќ со кој го има синот Страхиња, а од првиот брак го има и синот Андрија. Двете деца живеат со неа, а сега го исчекуваат и третото дете за Сања.

Инаку, атрактивната водителка е во четвриот месец од бременоста и чека момче, а неодамна со семејството замина на мини-одмор.

Слични објави

Нападната босанската пејачка Алдина Бајиќ: Покажа модринки и најави дека ќе го пријави случајот во полиција

Еспресо

(Видео) Објавена домашна снимка од Јелена Карлеуша и Шева: Романтична атмосфера во вилата на Дедиње

Еспресо

(Видео) Тања Савиќ со свршеникот Муки и синовите отпатува на Малдивите: Еве како уживаат на луксузната дестинација

Еспресо

(Фото) Цеца настапи во спектакуларен костум од 7.000 евра пред 12.000 посетители во Бугарија

Еспресо

Може со години да го оштетува организмот без да почувствувате ништо — тивката опасност што го зголемува ризикот од мозочен удар

К.С.

Здравко Чолиќ за 45 минути пеење наплатил 45.000 евра, а имал и посебни барања за настапот

Т.Ц.
Се вчитува....