16:26 - 8 ноември, 2026

Музичка легенда: Лепа Брена го распродаде третиот концерт во Загреб и го најави четвртиот

Лепа Брена го распродаде третиот концерт во Загребската арена и најави дека ќе одржи и четврти.

Музичката дива го најави ова за време на нејзиното гостување во хрватското радио „Екстра ФМ“.

„Уживам во оваа прекрасна зимска вечер покрај запален камин и чаша вино, многу сум среќна што се слушам со вас! Се надевам дека оваа зимска ноќ е пријатна и за вашите слушатели. Голема благодарност до публиката од Хрватска, Загреб и сите оние кои досега купија билети за 6 и 7 декември. Со задоволство можам да кажам дека и концертот на 9 декември е распродаден и свечено најавувам дека, поради големиот интерес на нашата публика, ќе имам концерт и на 10 декември“, изјави таа.

Инаку, Лепа Брена ќе настапи на 6, 7, 9 и 10 декември во Загрепската арена.

Слични објави

Нападната босанската пејачка Алдина Бајиќ: Покажа модринки и најави дека ќе го пријави случајот во полиција

Еспресо

(Видео) Објавена домашна снимка од Јелена Карлеуша и Шева: Романтична атмосфера во вилата на Дедиње

Еспресо

(Видео) Тања Савиќ со свршеникот Муки и синовите отпатува на Малдивите: Еве како уживаат на луксузната дестинација

Еспресо

(Фото) Цеца настапи во спектакуларен костум од 7.000 евра пред 12.000 посетители во Бугарија

Еспресо

Може со години да го оштетува организмот без да почувствувате ништо — тивката опасност што го зголемува ризикот од мозочен удар

К.С.

Здравко Чолиќ за 45 минути пеење наплатил 45.000 евра, а имал и посебни барања за настапот

Т.Ц.
Се вчитува....