07:14 - 19 август, 2026

(ВИДЕО) Млад ЈУТЈУБЕР им КУПИЛ КУЌА на своите РОДИТЕЛИ: Мајката на Адам почна да плаче, а неговиот татко остана без зборови!

Дваесет годишниот Адам Билс попознат како Адам Б, е еден од најпознатите јутјубери во неговата земја, Ирска. На неговиот официјален ЈуТјуб канал го следат повеќе 3 милиони следбеници, а големиот број на следбеници на платформата носи убава заработка и соработка со други брендови за Адам.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Adam B (@adambyt)


Младиот Адам со заработката од објавите на својот јутјуб-канал им купил куќа на своите родители во јануари 2020 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Adam B (@adambyt)

Неговите родители, пак, поради ограничувањата поради пандемијата на коронавирусот, не можеле да се вселат веднаш, туку морале да почекаат неколку месеци. Тогаш 20-годишниот Адам го направил ова видео, во кое се гледа како ги носи своите родители и братот со превез преку очи, во куќата за која мислеле дека е всушност негова.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Adam B (@adambyt)

На почетокот на видеото, Адам признава дека прави сè во животот за родителите да се гордеат со него и им се заблагодари на своите следбеници.

 

„Јутјуб ми отвори многу врати. Јас сум тука каде што сум поради вас. Вие ги гледате моите видеа, ви се допаѓаат, ги споделувате, ме поддржувате на сите можни начини. И затоа сакам да ви се заблагодарам бидејќи без вас ништо од ова не би било возможно. Буквално ништо“, порача тој.

Адам признал дека неговите родители веќе некое време барале нова куќа бидејќи сакале промена и дека оваа им паднала во очи. Кога дознале дека нивниот син им ја купил куќата, мајката почнала да плаче, додека таткото и помалиот брат останале без зборови. За големото неверување и шок придонел и фактот што Адам често правеше видеа на кои се шегува со членовите од своето семејство.

Покрај неговите родители, пријатно изненадени биле и следбениците на Адам.

„Мислам дека е сон на секое дете да им приушти вакво нешто на своите родители. Се расплакав како да сум таму со вас, секоја чест!“, „Син со добро срце секогаш мисли на своите родители“, „Ти направи голема работа. Ви посакувам многу години среќа во вашиот нов дом“, се дел од коментарите под видеото.

Слични објави

Момчето кое Карлеуша јавно го пофали ѝ упати јавна порака: „Моја лавице, те сакам“

E.A.

Ќе седи рамо до рамо со Карлеуша: Дара Бубамара ги напушта „Ѕвездите на Гранд“, уловена во Пинк ТВ

Еспресо

(Видео) Лазар Ристовски разменува нежности со Аница во базен – заљубениот пар ужива на одмор во Грција

Еспресо

Живеела во беда, одела на училиште со чевлите на татко ѝ, децата ѝ се потсмевале, а денес е главна ѕвезда на црвениот килим во Сараево – која е Разија Чолаковиќ?

Еспресо

Пејачка ограбена во манастир, останала без пари и документи, ги открила деталите од кражбата

Еспресо

Ханка Пладум на 70 години како манекенка, на црвениот килим со елегантната креација порача „стоп за војната“

Еспресо
Се вчитува....