06:41 - 29 ноември, 2026

(Видео) Кралот Чарлс Трети и Камила гаѓани со јајца, „оваа земја е изградена врз крвта на робовите“

Кралот Чарлс III и кралицата Камила биле нападнати за време на посетата на градот Јорк. Како што пренесува Дејли Мејл, во моментот кога монархот и неговата сопруга биле пречекани од претставници на градската управа, маж од толпата фрлил јајце кон нив.

Јајцето летнало зад Чарлс III, удрило во земјата и се скршило. Самиот монарх погледнал во него.

Напаѓачот е приведен. Додека бил притиснат на земја од органите на редот, тој извикал дека „оваа земја е изградена врз крвта на робовите“.

Неговото мислење не го делеа насобраните кои скандираа „Боже спаси го кралот!“ и „Не ли се срамиш!“.

Во меѓувреме, монархот ја продолжи традиционалната церемонија за пречек од страна на градоначалникот на градот.

Кралот Чарлс III и кралицата Камила пристигнаа во Јорк на церемонијата на откривање на споменикот на Елизабета Втора, посета која беше дел од обиколката на Јоркшир.

(Видео) Не само Чарлс Трети, еве кои политичарии беа гаѓани со јајца, домати, компири…

Претходно беше објавено дека Британската пошта за последен пат ќе издаде божиќна марка со Елизабета Втора.

Слични објави

Во сообраќајна несреќа во Белград загина поранешниот сопруг на пејачката Ивана Шашиќ

Е.А.

(Фото) Голема прослава кај семејството Ѓоковиќ – снаата едвај ја пресече тортата, Дијана позира покрај синот и внукот

Еспресо

Ацо Пејовиќ откри каде ја сретнал Наоми Кембел: „Ќерка ми се пошегува дека конечно ќе продолжиме таму каде што застанавме“

Е.А.

Јаков Јозиновиќ за дуетот „Сузе“ со Џејла Рамовиќ и гласините за врска: „Приватниот живот го чувам за себе, но нејзината поддршка многу ми значи“

Е.А.

Јелена Карлеуша за поранешните пријатели: „Ме ограбија и ме измамија“

Еспресо

Заштедете време и труд — пет работи што ги перете на рака, а можете да ги исперете во машина

К.С.
Се вчитува....