09:36 - 19 август, 2026

(Видео) Не само Чарлс Трети, еве кои политичарии беа гаѓани со јајца, домати, компири…

Денес кралот Чарлс III од Велика Британија и неговата сопруга, кралицатаКамила, беа нападнати со јајца при посетата на Јорк. Биле порошени три-четири јајца, но невештиот напаѓач, го промошаил кралот. Веднаш бил успасен од полицијата. Напаѓачот легнат на земи, со лисици на рацет извикал -Оваа земја е изградена врз крвта на робовите. Инаку, станува збор за познат еко-активист, Патрик Телвел, кој бил активен учесник во левичарските политички движења.

Но, не е Чарл Трети единствен владетел на кого биле фрлани јајца, или домати, компири…Еве кој се му правеше друштво, во минатото.

Во доцните 1950-ти, првиот секретар на Централниот комитет на СССР, Никита Хрушчов, беше гаѓан со домати во Кујбишев. Лидерот пристигна во градот за отворање на хидроцентрала за време на прилично акутен недостиг на храна и други производи за широка потрошувачка. Како резултат на тоа, Хрушчов беше исвиркан од толпата, а скапани компири и домати полетаа кон него. Секретарот не беше погоден, побрза да ја напушти говорницата.

Ако зборуваме за понови случаи, во јули оваа година Јарослав Качински, најмоќниот полски политичар и лидер на конзервативната партија Право и правда стана мета за фрлање јајца. Инцидентот се случи за време на посетата на Качински на градот Гњезно. Локален жител кој фрлал јајца бил приведен од полицијата и казнет со 100 злоти (околу 21 долар). Напаѓачот ги објаснил своите постапки со незадоволство од зголемените исплати на кредитите.

Во мај 2022 година, демонстрантите фрлаа јајца врз германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок за време на изборниот митинг во Вупертал. Шефот на дипломатскиот оддел дојде на запад на Германија за да ја поддржи сопартијката Мона Неибауер, која учествуваше на изборите во Северна Рајна-Вестфалија.

Бурбок излезе на сцената за настап, по што веднаш ја маваа со јајца. Министерката била покриена од полицијата, но побарала да се тргнат настрана, велејќи дека „фрлањето јајца или камења кон оние кои мислат поинаку е сомнителен начин за остварување на правото на слобода на говор“.

Меѓу другите светски лидери подложени на „напад со јајца“ беа чешкиот претседател Милош Земан, полскиот претседател Бронислав Комаровски, германскиот канцелар Хелмут Кол, францускиот претседател Никола Саркози, украинскиот претседател Виктор Јанукович, бразилскиот претседател Луис да Силва.

Да, и во историјата на Велика Британија имало случаи кога националните лидери биле гаѓани со јајца. Во 1970 година, тоа му се сличило на премиерот Харолд Вилсон додека се водеше кампања за негов реизбор. И во 2010 година, студент на колеџот Корнвол фрли јајце на друг британски премиер, Дејвид Камерон, Тони Блер…

 

 

Слични објави

Почина братот на Елвир Мекиќ, Јоце Панов му посвети срцепарателна објава

Еспресо

(Фото) Северина се прости од Ведрана Рудан и ги откри деталите од нивниот последен разговор

E.A.

Дневен хороскоп за 19 август: Ви претстои одличен период, искористете ги можностите

E.A.

Момчето кое Карлеуша јавно го пофали ѝ упати јавна порака: „Моја лавице, те сакам“

E.A.

Ќе седи рамо до рамо со Карлеуша: Дара Бубамара ги напушта „Ѕвездите на Гранд“, уловена во Пинк ТВ

Еспресо

(Видео) Лазар Ристовски разменува нежности со Аница во базен – заљубениот пар ужива на одмор во Грција

Еспресо
Се вчитува....