24 C
Скопје
09:05 - 10 јули, 2026

(ВИДЕО+ФОТО) ФУСТАН НА АНТОНИА ГИГОВСКА СТАВЕН НА АУКЦИЈА: Парите од продажбата ќе бидат донирани на девојка која се бори со карцином

Секогаш совршено стилизирана, младата пејачка е инспирација за своите бројни фанови. На социјалната мрежа „Инстаграм“ активно ја следат скоро 100.000 следбеници, од нашата земја како и голем дел од балканските земји, особено соседна Србија.

Фото: Принтскрин / Instagram

Нашата позната пејачка Антониа Гиговска постојано е во чекор со светските трендови. За нејзиниот изглед „од глава до пети“ се грижи професионален тим на стилисти од нашата земја како и од надвор од границите. Гиговска од самиот почеток работи со врвни професионалци, не само околу создавањето на музика туку и околу нејзиниот комплетен изглед како млада музичка ѕвезда која допрва ја очекува блескава кариера.

Фото: Принтскрин / Instagram

Неодамна пејачката заедно со 2Бона објавија нова песна „Хиена“ која за краток период  на „Јутуб“ има повеќе од 200 000 прегледи.

Фото: Принтскрин / Instagram

Пејачката во спотот се појавува во неодолив свилен фустан со отворен дел кај деколтето и гол грб кој одлично и прилега и ја истакнува нејзината витка фигура.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ANTONIA GIGOVSKA (@antoniagigovskaa)

Имено, пејачката истакна дека многу и се допаѓа фустанот и дека сакала да го задржи за себе, но поради голем интерес одлучи да го продаде на аукција и парите да ги донира во хуманитарни цели.

Фото: Принтскрин / Instagram

Овој фустан е првиот „Custom Made Design“ на мојата стилистка Викторија Бурсак.На почетокот сакав да го задржам за себе затоа што се заљубив од прва, но поради големиот интерес одлучив да го продадам.Изработен е од свила и е S конфекциски број. Парите сакам да ги донирам за Анета Јовановска што боледува од карцином. Нема да бидат пари кои што ќе помогнат многу, но се надевам на нејзе ќе и значат. Сакам сите заедно да помогнеме колку што можеме! Затоа што не знам како се става нешто на АУКЦИЈА, „Инстаграм“ и „Фејсбук“ ќе ми помогнат ова да го видат онолку луѓе колку што ме следат. Ќе ми значи исто така ако ова го споделите и вие затоа што можеби оние кои што не ме следат ќе видат токму кај вас. Почетната цена е 10.000ден. Ви благодарам многу, стои во описот на објавата на Антониа.

Слични објави

(Фото) Прво летување како брачен пар — Анета Љумаковска и Рубин уживаат во Парга

apostolova

Хороскоп за 10 јули: Лавовите ќе имаат проблеми во љубовта, Рибите ќе се занимаваат со финансиски теми

Еспресо

Зад вечниот хит на Бони Тајлер се крие приказна за моментот кога поради емоционална болка исчезнува светлината од срцето

Т.Ц.

Почина авторката на песната „Луда по тебе“: Го преработи најголемиот хит на Брена од филмот „Јужен ветар“

Еспресо

(Фото) Каролина Гочева сподели моменти од патувањето во Полска

Еспресо

Нов хит на Јанг Дади – По „Лидија“ сега пее за сите мајкини синови

Еспресо
Се вчитува....