16.8 C
Скопје
02:56 - 27 јули, 2024

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Дијагностицирање на синдромот ,,млитаво дете“

Клиничките иследувања се клучни за дијагноза на овој синдром. Од пресудно значење е тие да се спроведат уште во периодот веднаш по раѓањето, бидејќи на тој начин ќе се откријат причинителите на хипотонијата.

Синдромот ,,млитаво дете“ (floppy infant) или нарекуван уште синдром на ,,кукла од крпчиња“, се карактеризира со хипотонија чии симптоми, всушност, манифестираат болести или состојби од централно или од периферно потекло. Во зависност од причината на хипотонија кај доенчето, тоа појавува различни симптоми и знаци. Така, кое било оштетување на патот на моторниот неврон, ќе доведе до прекин на преносот на нервниот импулс што ќе резултира со омлитавеност на екстремитетите и губење на тетивните рефлексии. Токму оттука доаѓа називот ,,млитаво бебе – Floppy Infant“. Клиничките иследувања се клучни за дијагноза на овој синдром. Од пресудно значење е тие да се спроведат уште во периодот веднаш по раѓањето, бидејќи на тој начин ќе се откријат причинителите на хипотонијата.

Без оглед на потеклото на причините, клиничката слика кај бебе со овој синдром ќе се манифестира со следните карактеристики:
– ,,жабешки став“ односно поставеност на нозете како кај жаба (frog-leg),
– млитавост на вратот при враќање на главата, односно заостанување на главата наназад при маневар на повлекување на бебето нанапред,
– впечаток на „лизгање на бебето низ раце“ при маневар на држење под пазувите.

Кога родителите може да се посомневаат дека нивното новороденче може да го има овој синдром? И кога да побараат невро-педијатриска консултација?

Родителите можат да забележат невообичаености уште во периодот на бременост. Многу чест симптом може да бидат намалените или комплетно отсутни движења на плодот. Тоа е најчестиот предиктивен знак за новороденче со екстремна хипотонија. Знак за оваа состојба е и полихидрамнион – или зголемена количина плодова течност.

Исто така, доколку се случи родителите да забележат отежнато цицање и голтање кај новороденото, тоа се секогаш придружни знаци за вродени миопатии или спинална мускулна атрофија, но е и природен знак за вродени мускулни дистрофии. Затоа и во овој случај треба да побараат невро-педијатриско мислење.

Како можни причини за синдромот на ,,floppy infant“ може да бидат: инфантен ботулизам, транзиторна новороденечка миастенија гравис, потоа хипермагнеземија или токсичен ефект на аминогликозиди. Хипотонијата е најчест придружен симптом кај оштетувања и малформации на мозокот. Во текот на клиничките иследувања, треба да се има увид и во постоењето коморбидитети, односно комбинација на повеќе од една причина за хипотонија. И во сите овие случаи родителите треба да побараат мислење.

Третманот и лекувањето на овие состојби се индивидуални и со големи варијации, секако зависи од причините за настанатата омлитавеност кај детето. Најважно е да се потенцира дека императив е да се дијагностицира основната причина, за потоа да се пристапи кон целна нега и терапија, односно да се обезбеди третман што ќе помогне во одржувањето и зголемувањето на постојниот мускулен тонус.

Соодветниот начин на исхрана, правилните нутритивни навики и решавањето на тешкотиите во исхраната, се исто така многу важен сегмент во третман на овие состојби.

За одговори, совети и правилно дијагностицирање на располагање е искусната д-р Катерина Василева-Димовска – педијатар во Клиниката „Жан Митрев“. Закажете термин на 02/3091-484.

Комерцијален текст.

 

Слични објави

(Фото) Се појавија експлицитни фотографии од Меланија Трамп: „Сакате да удирате ниско?“

еспресо

(Фото) Романтичен ручек на луксузна јахта: Братот на Новак Ѓоковиќ и сопругата уживаат на море

jasmina.kantardzieva

Цеца Ражнатовиќ жртва на измама: Моето име е злоупотребено, ќе биде добро ако не поднесам кривична пријава

Еспресо

„Веста нè шокираше!“ Соседите на Драгана Мирковиќ од родниот крај го разврзаа јазикот за разводот со Тони Бијелиќ

Еспресо

„Прво ќе те претепа, па ќе ти донесе букет“: Ведрана Рудан ги откри деталите за бруталното насилство во бракот

Еспресо

(Фото) Ѕирнете во домот на Јелена Томашевиќ и Иван Босиљчиќ: Украсен со многу љубов и светлина

Еспресо
Се вчитува....