14:46 - 13 ноември, 2026

Има само еден услов: Без оваа работа Драгана Мирковиќ нема да ги одржи концертите во Белград

Познатата српска фолк-пејачка Драгана Мирковиќ, чија слава не згаснала четири децении, интензивно се подготвува за два спектакли во белградската арена, кои ќе бидат увертира за нејзината голема турнеја следната година.

Драгана, која е позната по тоа што има неверојатен однос со обожавателите, иако е голема ѕвезда и има одржано безброј концерти, не е нималку напорна, а нејзината „рајдер-листа“ за концертите е многу скромна. Таа за српски „Курир“ откри без која работа не може да ги одржи концертите.

„Зад сцената барам само негазирана вода. Не знам каква ѕвезда ме прави тоа, но како и да е, нема да ја сменам листата“, рече Драгана.

Пејачката ги избра песните што ќе ги пее во Арената, но сè уште не го направила редоследот на песните.

„Ги избравме песните, но сè уште не сме го поставиле распоредот. Поради желбата ова да биде сценски спектакл, некои песни ќе бидат жанровски спакувани, други по ритам, а има и кои ќе бидат групирани по тема“, додаде пејачката.

 

Слични објави

(Фото) Сите имаме мал црн фустан, но Нина Бадриќ покажа како да му дадеме сосема нов изглед

Т.Ц.

Сопругата на Саша Поповиќ останува сама во луксузната вила на Бежанијска коса, децата го напуштаат семејниот дом

Еспресо

(Фото+видео) Гламур во металик тоалета — Ана Ивановиќ ѝ врачи признание на Анџелик Кербер во Франкфурт

К.С.

Се израдував како мало дете: Денис Јанкуловски Космонаутко доживеа средба што ќе ја памети долго

Еспресо

(Фото) Секој ден патувал од Дојран до Гевгелија за да ја види — Игор Џамбазов раскажа како ја вдомил Ферхунде

К.С.

Мек колач за попладневното кафе — рецепт за куглоф со ванила и путер

К.С.
Се вчитува....