8.8 C
Скопје
19:04 - 30 март, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ ПРОГНОЗИРА: ДОЖД или СОНЦЕ? Какво време не очекува денес и за време на викендот

– Денес времето во Македонија ќе биде сончево и ТОПЛО со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 24 степени. Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и ТОПЛО со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 24 степени. Потоа утре облачноста полека ќе се зголемува и попладне и навечер ќе има појава на локален дожд. Во недела, како и во почетокот од следната недела ќе имаме значително постудено време со повремени врнежи од дожд – вели метео прогнозерот Славчо Попоски.

Според Поповски локално врнежите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и на планините како и на повисоките места истите ќе преминуваат во врнежи од снег, со што ќе дојде до формирање на нова снежна покривка. За време на овој влажен и студен воздушен бран, услови за врнежи од дожд и снег ќе има и на некои места со помала надморска височина, а сето ова ќе биде проследено и со засилен ветер од северен правец. Што се однесува до температурите, тие ќе опаднат дури за повеќе од десет степени во споредба со сегашните и од недела ќе се искачуваат во интервалот само од 4 до 13 степени, и истите ќе бидат ЗНАЧИТЕЛНО ПОД ПРОСЕКОТ за овој период од годината.

Слични објави

Мина откри како го запознала Огњен Амиџиќ: „Дојдов за работа и се зезнав“

Еспресо

Месечен хороскоп за април и среќни датуми за секој хороскопски знак

Еспресо

Ралe ја одложи операцијата на срцето поради нов здравствен проблем: „Не сум добро“

Еспресо

(Фото) Вака изгледа една од најубавите бугарски пејачки без шминка: Што се случува со носот на Преслава?

Е.А.

Ова е вонбрачниот син на Маринко Роквиќ кој живее далеку од Србија: Го откри вистинското лице вдовицата Славица

E.A.

(ВИДЕО) „Дали е дрогиран, целиот се искриви?“: Жељко Шашиќ направи хаос на аеродром па ги „нападна“ новинарите

E.A.
Се вчитува....