05:51 - 28 ноември, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ НАЈАВУВА: Зима среде пролет, снег, дожд, грмежи, силен ветер…

– Под влијание на циклонска активност и на влажен воздушен бран денес времето во Македонија ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд. Поинтензивни врнежи ќе има во западните предели, а ќе дува и умерен до засилен, на некои места СИЛЕН ветер од јужен правец со брзина од над 80 км/час. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 19 степени. Во Скопје и околината времето ќе биде претежно облачно со услови за повремени локални послаби врнежи од дожд. Ќе дува засилен ветер од јужен правец, додека максималната температура ќе се искачи до околу 19 степени – вели метео прогнозерот Славчо Попоски.

Според Попоски, до самиот крај од оваа, како и во почетокот од следната недела под влијание на циклонска активност и на влажен воздушен бран, времето ќе се задржи променливо облачно со повремени врнежи од дожд и истите локално ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ.

До недела ќе дува засилен, до повремено СИЛЕН ветер од јужен и од југозападен правец, локално со брзина од над 80 км/час. На некои места и тоа особено утре и во сабота ќе има развој на нестабилна облачност проследена со поројни врнежи од дожд, грмежи, силен ветер и услови за ретка појава на град. За време на викендот пак на планините на запад, како и на некои повисоки места врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег.

Што се однесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 14 до 21 степен, додека пад на истите за неколку степени се очекува од недела па натаму кога ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 17 степени.

Слични објави

Катарина Живковиќ застана во одбрана на Вељко Ражнатовиќ: „Момчињата не носат здолништа и точка“

Еспресо

„КРАЈ. Станав и си заминав“ — Нина Ред раскажа за непријатното искуство со повозрасен маж

К.С.

Теодора Џехверовиќ го откажа настапот поради повреда: Јавно објави и медицински извештај

Еспресо

„Денеска ќе наполнеше 15 години…“: Јелена Розга се присети на саканиот член на семејството и ги растажи следбениците

Еспресо

(Фото) Познатата готвачка Мартина Симјановска наскоро ќе стане мајка по вторпат: „Бато Лука е спремен за тебе, бебушко!“

К.С.

(Фото) Наташа Беквалац блесна во бордо фустан – со длабоките изрези ја откри тетоважата на колкот

Еспресо
Се вчитува....