06:03 - 28 ноември, 2026

КРИС РОК го прекина молкот: Вил Смит наскоро ќе го почувствува шамарот од комичарот! „Ќе направам цел стендап за тоа што се случи!“

Сите зборуваа за шлаканицата што Вил Смит му ја зададе на Крис Рок, но конечно комичарот ја прекина тишината.

Во последните неколку дена, односно веднаш по ноќта на Оксарите, Крис влезе во циклонот на вести, но синоќа за време на една од неговите стендап шоуа во Бостон ја допре темата со шаканицата.

Комичарот рече пред својата многубројна публика дека се уште го „обработува случајот“ и дека наскоро ќе приреди цело стендап шоу за тоа што се случило на Оскарите.

„Како ви помина викендот? Знам дека сакате да знаете за мојот викенд, но засега немам премногу да кажам за тоа што се случи во неделата вечерта, сè уште немам смислено шеги за тоа. Па ќе ви кажам накратко, за вечерва имам за вас цела претстава која ја напишав пред викендот. Во врска со Оскарите, сè уште го обработувам тоа што се случи со Вил. Така, во одреден момент, ќе зборувам за она што го видовте и ќе биде забавно “.

По краткиот говор на Крис Рок, публиката почна да извикува „f ** k Вил Смит“, но уметникот на сцената се правеше дека не слуша и го започна своето шоу:

„Сега ќе кажам неколку вицови. Убаво е што сум овде со вас вечерва… “.

Во пракса, Вил Смит наскоро ќе го почувствува шамарот на шегобиецот Крис.

Слични објави

Катарина Живковиќ застана во одбрана на Вељко Ражнатовиќ: „Момчињата не носат здолништа и точка“

Еспресо

„КРАЈ. Станав и си заминав“ — Нина Ред раскажа за непријатното искуство со повозрасен маж

К.С.

Теодора Џехверовиќ го откажа настапот поради повреда: Јавно објави и медицински извештај

Еспресо

„Денеска ќе наполнеше 15 години…“: Јелена Розга се присети на саканиот член на семејството и ги растажи следбениците

Еспресо

(Фото) Познатата готвачка Мартина Симјановска наскоро ќе стане мајка по вторпат: „Бато Лука е спремен за тебе, бебушко!“

К.С.

(Фото) Наташа Беквалац блесна во бордо фустан – со длабоките изрези ја откри тетоважата на колкот

Еспресо
Се вчитува....