20.8 C
Скопје
20:17 - 29 април, 2024

Што ни подготвија ѕвездите за 9 јуни: Близнаците го бараат вистинскиот пат, Биковите имаат потреба да бидат сами, а Вагите најавуваат нов почеток

Овен

Моменталната астрална конфигурација денес е таква што може да предизвика посериозни разговори од вообичаеното. Вие и вашиот партнер би можеле да разговарате за многу интересни работи. Ќе имате можност да го решите проблемот еднаш засекогаш, како и да се ослободите од некои свои стравови.

Бик

Денес треба да поминете некое време сами, бидејќи таква е и моменталната астрална енергија. Може тоа да биде многу позитивно искуство, особено ако треба да размислите што сакате од сегашната врска. Ако имате партнер, преземањето такви чекори значи дека вашата врска оди во вистинска насока.

Близнаци

Се прашувате дали патот по кој чекорите е вистинскиот. Потребата за промени не доаѓа поради незадоволството од работата, туку поради многу покомплицираните причини кои не сте во состојба сами да ги видите. Дневниот хороскоп советува – не барајте причини кај другите, прво преиспитајте се себеси.

Рак

Немате апсолутно никаква причина да се скриете, освен ако не се плашите од најлошото кога станува збор за вашата врска. Моменталната планетарна конфигурација е многу охрабрувачка и ве поттикнува да соочите со нешто што ви задава многу проблеми. Со тоа ќе откриете дека самите сте си вообразиле многу работи.

Лав

Денес можеби ќе се чувствувате малку мрачно и построго од вообичаеното, поради моменталната астрална енергија. Нема да има ништо конкретно што ќе ве вознемири, туку само нешто што е во вашата глава и што треба да го решите. Ако имате партнер, ќе помисли дека не сте заинтересирани, па ќе мора да покажете дека греши.

Девица

Потребна ви е поддршка од партнерот, но не ја добивате. Можеби ова е можност да преземете целосна одговорност и сами да ги завршите работите. Моментите за прослава ќе си дојдат сами по себе. Ако сте сингл, ќе се впуштите во нова врска. Не дозволувајте секоја ситница да ја анализирате од логичен аспект.

Вага

Промените на работа најавуваат нов почеток. Веста е охрабрувачка, бидејќи се однесува на вашата финансиска состојба. Влијателна личност ви дава предлог, што се однесува на вас. Ова е сигурен сигнал дека сѐ се движи во насоката што ја сакавте. Подготвено поднесете ја критиката и понудете логично оправдување.

Скорпија

Принудени сте да ги чувате тајните на другите луѓе, а тоа тешко ви паѓа. Свесни сте дека решението за нечиј проблем е едноставно, но не сте во позиција да се мешате. Бидете трпеливи, бидејќи дури и да проговорите, никој нема да ве сфати сериозно. Ви треба дополнителна претпазливост во деловните состаноци.

Стрелец

Ако рационално ја анализирате вашата позиција, ќе признаете дека и не е толку лоша. Проблемот е во тоа што сте склони кон кукање и критикување, па такви луѓе собирате околу себе. Слушајќи ја околината, паѓате во песимизам, кој, всушност, воопшто не е ваш. Оттргнете се од негативната енергија и луѓе.

Јарец

Водете разговори од кои очекувате премногу. Темите не се важни, но вие им дадовте важност. Конкуренцијата на ставовите ја губи секоја смисла бидејќи крајната цел не постои. Не трошете ги залудно зборовите, особено ако наспроти вас е некој на којшто не му верувате. Спроведете ги одлуките што сте ги замислиле.

Водолија

Партнерот ве провоцира и ве искушува, така што, во афект, од вашата уста излетува нешто што сте сакале да го премолчите. Сѐ може да кулминира со одлуката од која се плашите. Се наоѓате во незавидна позиција, не сакате да продолжите понатаму, но не би сакале ниту да раскинете. Многу сте конфузни.

Риби

Посакувате конкретни работи. Сѐ околу вас ви е здодевно и не знаете за што да се фатите и тоа да го прогласите за денешна ѕвезда водилка. Работата ви здодеа, а ниту дома односите не се баш во најдобар ред. Не се откажувајте, меланхолијата е минлива, исто како и овој ден. Под голем притисок сте.

Слични објави

Принова кај познатата двојка: Петар Грашо и Хана Хуљиќ го очекуваат своето второ дете

Еспресо

(Фото) Македонката Татјана Јанушева блесна на престижна модна ревија во Франција

Еспресо

Синот на Цеца ја расплака нацијата: Вељко Ражнатовиќ се откажа од паричната награда, еве за кого одат 5000 долари

Еспресо

Јелена Карлеуша призна дека не верува во помирување со Душко: Ситуацијата е очајна многу долго, никогаш нема да биде како порано…

Еспресо

Марија Шерифовиќ за проширување на семејството: Еве дали ќе има и второ дете

еспресо

(Видео+фото) Цифрата значително скокнала! На осмиот ден од одењето пешки за Грција Никола Роквиќ објави колку пари се собрани

Еспресо
Се вчитува....