17:13 - 8 ноември, 2026

Сакате да ослабете бргу цели 7,4 килограми? Станете веган на три месеци, еве што вели новото истражување!

Ако сакате да се вратите во форма за лето, станете веган. Истражувачите откриле дека луѓето со прекумерна тежина кои се префрлаат на растителна исхрана губат во просек 7,4 килограми во првите три месеци. Според научниците, тајната е да се откажете од мрсната, калорична храна, како што се сирењето и црвеното месо.

Студијата ги анализирала резултатите од 11 научни студии за вегански диети и губење на тежината, во кои биле вклучени речиси 800 возрасни лица со прекумерна тежина или со дијабетес тип 2. Некои од студиите ги споредувале веганските диети со типичните западни диети, додека други ги споредувале со други диети, како на пр. со медитеранска исхрана.

Оваа студија покажа дека веганите изгубиле 7,4 килограми повеќе од оние кои продолжиле да јадат месо и производи од животинско потекло. А во споредба со оние кои следеле други трендовски диети, веганите изгубиле 4,1 кг повеќе.

Сепак, веганската исхрана не предизвикала значителни разлики во нивото на шеќер или холестерол во крвта, и биле забележани само мали подобрувања.

Ен-Дит Термансен, од Универзитетската болница во Копенхаген, авторка на истражувањето вели: „Оваа ригорозна евалуација на најдобрите докази кои се достапни укажува со разумна сигурност дека придржувањето до веганска исхрана најмалку 12 недели може да доведе до губење на тежината клинички значително и го подобрува нивото на шеќер во крвта, и затоа може да се користи во диетите кај лица со прекумерна тежина и дијабетес тип 2“.

„Веганските диети доведуваат до губење на тежината, бидејќи се поврзани со намален внес на калории поради помалата содржина на маснотии и поголема содржина на диетални влакна“, се нагласува во истражувањето.

Слични објави

(Видео) Џина Џиновиќ објави снимка од кревет: Откри какви естетски корекции направила

apostolova

Нападната босанската пејачка Алдина Бајиќ: Покажа модринки и најави дека ќе го пријави случајот во полиција

Еспресо

(Видео) Објавена домашна снимка од Јелена Карлеуша и Шева: Романтична атмосфера во вилата на Дедиње

Еспресо

(Видео) Тања Савиќ со свршеникот Муки и синовите отпатува на Малдивите: Еве како уживаат на луксузната дестинација

Еспресо

(Фото) Цеца настапи во спектакуларен костум од 7.000 евра пред 12.000 посетители во Бугарија

Еспресо

Може со години да го оштетува организмот без да почувствувате ништо — тивката опасност што го зголемува ризикот од мозочен удар

К.С.
Се вчитува....