18.8 C
Скопје
02:49 - 9 септември, 2026

Омикрон стана „турска серија“ – внимавајте на Омикрон 4 и 5! Доаѓаат и нови вакцини против варијанатата Омирон

„Внимавајте на Омикрон 4 и 5. Новите варијанти водат до пораст на случаите во Јужна Африка, а истото може да го направат и во Европа“. Предупредувањето од ЕМА (Европската агенција за лекови) доаѓа во клима на оптимизам („ситуацијата со заразата е стабилна“) и внимание („сè уште има милиони инфекции во светот, пандемијата не е завршена“).

Модерна и Фајзер-Бионтех веќе работат на ажурираните вакцини против Omicron варијанта кои финалните резулати ќе ги добијат до септември. Вакцините веќе се спроведуваат на испитувања на волонтери. Доколку новите вакцини успеат да стимулираат повеќе неутрализирачки антитела од сегашните, тие би можеле да бидат одобрени навреме за есенската кампања.

Експертите сметаат дека во новите ампули има бивалентни производи: кои содржат делумно РНК на вирусот Вухан (како што е вакцината што се користи денес, која се покажа како ефикасна) и делумно РНК на Омикрон (која треба подобро да ги покрие сегашните варијанти).

На пат се и две нови француски вакцини, Санофи и Валнева. А и конечно, децата од шест месеци до 5 години ќе можат да примат вакцина против Ковид благодарение на новата вакцина адаптирана за деца од Модерна.

Од истражувањето кое пристигнува од Амстердам, вакцините спасиле половина милион животи на Европејците над 60 години.

Според нова американска студија пак, објавена во Nature Portfolio, намалената смртност што му се припишува на Омикрон, всушност се должи на нашиот имунитет. Истражувањето, базирано на податоци од 130.000 пациенти во последните две години, покажува дека „ризикот од хоспитализација и смрт останува речиси идентичен со секоја варијанта“. Светската здравствена организација процени колку реални смртни случаи може да има од Ковид: и покрај официјалното пребројување на 6 милиони, до крајот на 2021 година коронавирусот веќе предизвика 14,9 милиони смртни случаи ширум светот. СЗО ја доби оваа бројка со пресметување на степенот на смртност во различни земји.

Слични објави

За само 5 секунди откријте дали и колку сте под стрес

Еспресо

Надежда Билјиќ го победи ракот, нејзиниот сопруг Тома ја потврди среќната вест

E.A.

Астрологијата ви помага да го изберете идеалниот партнер – Откријте во кој хороскопски знак е вашата сродна душа

Еспресо

Шок-пресврт — Џина Џиновиќ ја напушти Мелина и тропна на вратата кај Харис

E.A.

„Сите сме тотално луди“: Лепа Брена се огласи по виралното видео на кое ѝ го грабна микрофонот на Џејла

E.A.

Кнез направи одлична атмосфера на големата прослава по повод раѓањето на внуката

E.A.
Се вчитува....