06:20 - 3 мај, 2024

Освен значењето и симболиката, и позицијата на тетоважата со себе носи различно значење

Позицијата на тетоважата може многу да ви каже за личноста, па затоа местото на тетоважата не би требало да е случаен избор.

Во продолжение прочитајте зошто е важно местото на кое ќе изберете да ја ставите тетоважата.

1. Граден кош и гради

Ова место е сè популарно за тетоважа. Тоа е чувствително подрачје кое покажува дека личноста е јака, полна со живот и храбра, сигурна во себе и во своето тело. Поради големината на подрачјето, тетоважите на градниот кош често се поголеми и покоплицирани.

На градите можат да се најдат некои од најдобрите тетоважи. Тие можат да се протегаат од градите до други области, на вратот, рацете, ушите и подрачјето на градниот кош.

Кога некој има тетоважи на многу места, градите можат да го поврзат тоа и да направат тема која го надминува поединечното значење на секоја тетоважа.

Луѓето со тетоважа на градите имаат голема самодоверба, особено кога се работи за жените. Во многу случаи, тетоважата на градите има романтично значење, ја симболизира личноста или повеќе личности кои се многу блиски на личноста која ја носи таа тетоважа.

2. Прсти

Тетоважите на прстите се невообичаени од повеќе причини, некои поради културни, некои поради практични причини. Обично се уникатни и полека стануваат сè почести.

Многумина се срамат од тетоважи на рацете, подлактиците, на вратот и лицето затоа што можат да влијаат на професионалниот живот.

Тетоважата на прстите обично означува концизна личност. Со ограничен простор, уметникот треба да го користи тоа што го има за да ја пренесе пораката што ја носи самата тетоважа. На прстите најчесто се испишани зборови, со четири или помалку букви, што ѝ дава потенцијална моќ на пораката.

3. Листовите на нозете

Тетоважите на листовите обично ги ставаат личности кои се занимаваат со спорт, затоа што носат кратки пантолони. На листовите исто како на градите, има повеќе простор за работа, затоа тетоважите таму можат да бидат поголеми, покомплицирани, и можат да раскажат подлабока прикзна.
Луѓето со тетоважа на листовите најчесто сакаат својата тетоважа да им ја покажат на сите.

4.Стапала и глуждови

Луѓето со тетоважа на стапалата и глуждовите обично се срамежливи и подискретни со своите одлуки. Ако не сакаат да ја видите нивната уметност на телото, нема да ја видите. Тоа е едноставно.
Луѓето со тетоважи на стапалата и глуждовите обично се таинствени и тоа често се одразува во самата тетоважа. Со оглед дека ова подрачје е многу мало, тетоважите се многу едноставни, поради што можеби носат и подлабоко значење.
Овие тетоважи често го одбележуваат животот и смртта на лице кое личноста со тетоважа го сакала и го изгубила.

5.Рамена

Тетоважите на рамената носат најразлични значења, повеќе од тетоважата на било кое друго место на телото. Поради тоа големината го одредува нивното значење.
Некој кој има мала тетоважа на горниот дел на рамената веројатно е малку внимателен, но има и дива страна. Тетоважа на средината на рамената означува личност која сака да ја покаже својата уметничка страна, но сè уште има кариера и сака „нормално“ да делува во надворешниот свет.
Личноста со тетоважа преку целото рамо и рацете очигледно не го интересира што мисли светот за неговата уметност. Таквите луѓе сакаат да живеат на свој начин и не се грижат многу за последиците.
Имаат голема самодоверба. Во секој случај, личностите со тетовирани рамена и раце обично сакаат да ја покажат својата тетоважа. Ако ги замолите да ви ја покажат тетоважата, бидете сигурни дека ќе го подигнат ракавот и тоа воопшто нема да им пречи.

6.Зглоб

Тетоважите на зглобот можат да бидат многу болни. Многу луѓе кои некогаш дигнале рака самите на себе ја користат уметноста како би ги скриле лузните од своето минато.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by FB : Natapong Jumpaganan (@ton_tatt8)


Никогаш целосно не можете да ги скријате, но со слика преку лузната, вие како да велите „Тоа повеќе не сум јас“.
Тетоважите на зглобот можат да бидат значајни за луѓе кои се опоравуваат од депресија, употреба на дрога и други проблеми. Обично се „најдлабоки“ од сите тетоважи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ✾ stefania ✾ (@em_stephanie)

7.Бутови

За разлика од градниот кош, бутовите се малку повеќе скриени. Ова подрачје е малку пошироко и со тоа има повеќе простор за работа. Тетоважите можат да бидат поголеми, подолги и посложени отколку на другите места.
Тетоважите на бутовите можат да бидат и многу сексуални, кога се искачуваат високо кон горниот дел од ногата.

8.Грб

Тетоважите на грбот често ги симболизираат и темелите на нашиот живот. Луѓето со тетоважа на грбот обично се мистериозни, смели и не им е грижа што мислат другите за нив. Ако имате тетоважа на грбот не можете да ја гледате често, тоа е нешто важно за личноста што ја носи, но не толку важно да треба секојдневно да ја гледа за да ја цени.

9.Уши

Тетоважите на увото или позади увото обично се многу мали, многу едноставни и слатки. Бидејќи ушите се одговорни за слушање, многу личности на ова подрачје ставаат слики од животни, слики кои симболизираат музика и личности кои ги сакаат.
Луѓето со тетоважа позади ушите обично се слободни, среќни се кога слободно се изразуваат себеси и своите избори и работите што ги сакаат.
Тие не мора да сакаат да се покажат, но тоа го прават со нивните постапки и нивната уметност.

10. Врат

Тетоважите на вратот можат да бидат дискретни, кога се наоѓаат позади вратот, особено на жени или мажи со долга коса, можат лесно да се скријат или да се покажат, зависно од расположението или ситуацијата.
На предната страна од вратот, сите можат да ја видат. Тетоважите на долниот или страничниот дел на вратот покажуваат дека не се плашат да направат тешки избори и да ги покријат ако е потребно. Луѓето со тетоважа на вратот се силни, мудри и храбри.

11. Подлактица

За разлика од горниот дел на рацете, кои можат да се скријат, подлактицата може да се прекрие само со ракави. Луѓето со тетовирана подлактица ја покажуваат својата уметност, како и нивната цврстина.

Тетоважите на подлактицата стануваат сè поомилени затоа што лесно можат да се видат, што покажува дека личноста сака да биде во состојба да ја види својата тетоважа и она што таа го претставува.

Тетоважите на подлактиците го зајакнуваат подлабокото значење на животот на личноста.

Слични објави

„Зошто браќа?“: На Јелена Карлеуша откажан ѝ е настап во Црна Гора

еспресо

Џина Џиновиќ повеќе не може да молчи: Јавно се закани, хаос во вилата во Сењак

Еспресо

(Фото) Врелите фотки на Ена Попов го запалија интернетот: Пејачката го покажа телото во секси бикини

Еспресо

Наташа Беквалац ослабела 10 килограми: Пејачката откри кои намирници се дел од нејзиното мени

Еспресо

„Ете пак…“: Никола Роквиќ доживеа трогателен момент по патот кон Грција

Еспресо

Синовите на Лепа Брена имаат уште по едно име: Стефан го откри неговото вистинско име и на брат му

Еспресо
Се вчитува....