13.8 C
Скопје
20:39 - 27 април, 2024

САГАТА ЗАВРШИ: Арнолд Шварценегер и Марија Шрајвер по повеќе од 10 години се официјално разведени

Марија Шрајвер, Arnold

По повеќе од една деценија разделба, Арнолд Шварценегер и Марија Шрајвер сега се официјално разведени.

Според странските медиуми, славниот пар кој повеќе од една деценија живее одвоено, сега конечно го финализиралe разводот. Разводот го водел приватен судија кој на почетокот на месецов ги потпишал конечните документи, но според правилата на Врховниот суд со кои се бара предметот да му биде предаден на надлежен судија, бракот завршил дури оваа недела.

Разводот траеше многу години најмногу поради сложениот договор за делба на имотот. Иако деталите не ѝ се познати на јавноста, „ТМЗ“ пишува дека постои голема веројатност парот да ги поделил на половина проценетите 400 милиони долари.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Chévere (@chevereun)

Поранешниот пар, кој се венча во 1986 година, немале склучено предбрачен договор.

Крајот на нивниот брак бил моментот кога се дозна дека Арнолд зачнал дете пред 24 години со нивната поранешна домаќинка Милдред Баен.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Anna Davidson (@themagazinecity)

Поранешниот гувернер на Калифорнија го криел фактот дека тој е татко на Џозеф 15 години, а Милдред тврдела дека момчето е син на нејзиниот сега поранешен сопруг Рохелио Баена.

Големата сличност на Џозеф со неговиот татко ја навело Марија Шрајвер да дознае кој е вистинскиот татко на детето, а мајката на Џозеф на крајот ја признала вистината. Набргу потоа, Марија и Арнолд решија да се разделат.

„Тоа е многу тешка ситуација за него. Подеднакво е многу тешка ситуација за моите деца. Многу тешка ситуација за моето семејство. На сите им беше тешко. Но, тоа се случи и сега треба да најдеме начин и да продолжиме понатаму“, изјави Арнолд во 2015 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ronda (@revista_ronda)

Ѕвездата на „Терминатор“ има четири деца со сега веќе поранешната сопруга, Кетрин (32), Кристина (30), Патрик (28) и Кристофер (24). Иако и двајцата биле во врска со други по разделбата, поранешните сопружници често можеа да се видат како излегуваат заедно со децата, а честопати им се придружуваше Џозеф, кој сега работи на пазарот на недвижности.

Слични објави

(Видео) Ана Николиќ пак ја шокираше јавноста, ги рашири нозете: „Сосема пукна женава“

еспресо

Таткото положи цвеќе, вдовицата ја нема! Миша Гроф ја одбележа годишнината од смртта на синот, Николина Пишек не била информирана

Еспресо

(Фото) Саша Ковачевиќ на романтично патување со девојката: Силно ја гушка, а таа никогаш посреќна

Еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев: Тироидектомија – отстранување на тироидната жлезда

еспресо

Еве што велат сараевчани за Харис Џиновиќ по разводот од Мелина: „Лош човек, го кренал носот…“

еспресо

Неделен хороскоп (од 29 април до 5 мај): Посебни мигови за Јарците, љубов за Биковите, одлично за Близнаците…

еспресо
Се вчитува....