23:58 - 11 ноември, 2026

РИТУАЛ ЗА СРЕЌА, МИР И БЛАГОСОСТОЈБА: Направете го тоа на крајот на годината и избркајте го злото од себе

божик

Новата година е на прагот. Годината во заминување секому донесе лоши, но и многу убави моменти. Еве како да се збогувате со 2021 година и да ја дочекате следната.

Одвојте околу 30 минути за себе и поминете ги во мир и тишина. Изберете катче од вашиот дом каде што се чувствувате убаво. Можете да запалите миризлива свеќа и да ја облагородите просторијата за да ја направите поудобна и попријатна. Нека ова време биде само за вас. Потрудете се да се поврзете со подлабоките нивоа на вашето битие, да слушнете што ќе ви „шепне“ вашата интуиција во вид на мисли, слики, спомени…

Не размислувајте, само прифатете го тоа што ви дојде на ум како слика, а можеби и како мисла, стих, мелодија.

мајка

Што би земале од старата година, а што би оставиле зад себе?

Вратете се во мислите на почетокот на годината и сфатете што е особено важно за вас. Кога оваа година би била поглавје во вашата книга на животот, каков би бил нејзиниот наслов? Што се случи во вашиот живот? Како се справивте со тоа, што можеби беше скриено богатство во тешки времиња? Што ви беше највредно во изминатата година, што дефинитивно сакате да понесете со себе и што сакате да оставите зад себе?

За што сте благодарни и што би сакале да биде поинаку. Запишете на хартија сè што сакате да оставите зад себе – тоа може да бидат разни проблеми и оптоварувања, реакции кои не ви се допаѓаат, емоционални повреди… Додека пишувате, контролирајте го дишењето, издишете и испуштете ја несаканата енергија. А потоа можете да го запалите парчето хартија, со што ќе го визуелизирате ослободувањето на старото и ќе создадете простор за нови работи. Заблагодарете се и збогувајте се со оваа година која „исчезнува во далечината“.

девојка

Посакајте ѝ добредојде на следната година

На местото на старата доаѓа новата година. Напишете писмо адресирано лично до вас, кое ќе го чувате до крајот на следната година. Запишете ги вашите желби, соништа, нецензурирани, а потоа ставете го во плик, залепете го и ставете го на безбедно место каде ќе остане во наредните 365 денови.

Уште еднаш, со насмевка, замислете се себеси во иднина и видете како ви возвраќа на поздравите и насмевките и вели дека зад неа е посебна, добра година.

Слични објави

Ѓоле Ѓогани за почетоците со Слаѓа Делибашиќ: „Не ни помислив дека ќе ми биде сопруга, а од татко ѝ се препортував“

Е.А.

Слобода Миќаловиќ за тајната на 17-годишниот брак со Војин Ќетковиќ: „Луѓето денес го изгубија смислот за љубов, приматот го зедоа парите и социјалните мрежи“

Е.А.

Битка за вилата вредна 1,7 милиони евра – Николина Пишек мора да му исплати стотици илјади евра на свекорот Миша Гроф

Еспресо

(Фото) Семејно бегство на северот на Европа: Жељко Бебек со сопругата и ќерката во посебна авантура

Еспресо

„Многу сум си горда на себе“ — Јелена Спенџарска од Брисел за трудот и критиките зад објавите на Инстаграм

К.С.

Додека ужива со 70-годишниот милионер, Мелина Џиновиќ откри дали планира трето дете

Еспресо
Се вчитува....