22:33 - 8 ноември, 2026

Ребека со потресна порака за Панчо, нејзиниот другар од детството: „Многу ми е жал што…“

Ребека Јанковска- Ристески и Панчо беа блиски пријатели од деца, а пејачката денеска сподели емотивен спомен токму од тоа време.

Денеска беше погребан Владимир Блажев- Панчо, кој по трагичниот пожар во Кочани на 16 март беше во болница седум месеци.

Пејачката Ребека и нејзиното семејство биле блиски пријатели со Панчо и со неговото семејство, а таа на Фејсбук напиша емотивна приказна за него.

-Те испративме денес со молитва. Вечно ќе си ми во моите спомени со сите твои шеги и сите твои палавштини. Каков борец беше од малечок, но ете, оваа борба и за тебе беше многу тешка.

Жалам што не ни дојде со момците на гости. Многу ми е тешко да прифатам дека нема овде да се видиме повторно. Патувај кај твојата мајчичка, нашата тетка Кача во Царството небесно“, напиша Ребека. Мајката на Панчо, Каќуша почина пред 11 години од канцер.

Слични објави

Измислија дека Ава Карабатиќ трагично загинала, а за лажна тревога хрватскиот закон пропишува казна затвор до три години

apostolova

(Фото) Дали знаете како денес изгледа раскошната Хурем Султан од „Сулејман Величествениот“? Поубава е од кога било!

Еспресо

(Фото) Жешката сабота на Маја Шупут! Му седи во скут на младиот дечко облечена во најпровокативен фустан

Еспресо

(Фото) Годините ништо не ѝ можат: Ана Ивановиќ наполни 39 години, а со една фотографија ги освои социјалните мрежи

apostolova

(Видео) Џина Џиновиќ објави снимка од кревет: Откри какви естетски корекции направила

apostolova

Нападната босанската пејачка Алдина Бајиќ: Покажа модринки и најави дека ќе го пријави случајот во полиција

Еспресо
Се вчитува....