05:19 - 9 ноември, 2026

Причина за разводот на Бритни Спирс и Асгари: Жестока тепачка поради неверство

Во средата, озборувачкиот медиум за славни личности ТМЗ објави дека Бритни Спирс и Сем Асгари раскинале пред една недела.

Двојката е заедно вкупно 6 години. Тие се венчаа во јуни 2022 година.

Според изворот кој ја пренесе веста за разделбата, Сем се иселил од домот што го делеле, веднаш по жестоката тепачка со Бритни поради слушнати гласини дека таа му била неверна.

Изворот тврди дека Сем наскоро ќе поднесе барање за развод, а веќе е во консултација со адвокати.

Иако и претходно имаше (о)зборувања дека нивниот брак е на стаклени нозе, ова е очигледно првпат Сем да преземе некои дефинитивни чекори за да ја прекине врската.

Спирс и Асгари се свршија во септември 2021 година и се венчаа седум месеци подоцна на мала, но раскошна свадба во нејзината палата во Таузнд Оукс.

На листата на гости се најдоа неколку познати личности, меѓу кои Мадона, Селена Гомез, Дру Баримор и Парис Хилтон.

Ова е трет брак за 41-годишната пејачка и прв за Асгари кој има 29 години. Таа има два сина со поранешниот сопруг Кевин Федерлајн.

Нејзиниот прв брак беше со Џејмс Александар во 2004 година.

Минатата година по нивната венчавка беше објавено дека парот потпишал предбрачен договор за заштита на заработката на поп-ѕвездата пред бракот.

И додека Асгари нема да може да го допре богатството на Спирс, тој ќе добие некаков вредносен чек по краткиот брак со кој ќе мора да се задоволи.

Сем и Бритни често претставуваа обединет фронт во очите на јавноста, при што тој беше нејзин број 1 бранител и поддржувач, но уште одамна имаше шпекулации за проблеми во нивниот брак.

Бритни Спирс ја ангажираше адвокатката на Џони Деп за развод: Ќе биде „непријатна битка во судница“

 

Слични објави

Измислија дека Ава Карабатиќ трагично загинала, а за лажна тревога хрватскиот закон пропишува казна затвор до три години

apostolova

(Фото) Дали знаете како денес изгледа раскошната Хурем Султан од „Сулејман Величествениот“? Поубава е од кога било!

Еспресо

(Фото) Жешката сабота на Маја Шупут! Му седи во скут на младиот дечко облечена во најпровокативен фустан

Еспресо

(Фото) Годините ништо не ѝ можат: Ана Ивановиќ наполни 39 години, а со една фотографија ги освои социјалните мрежи

apostolova

(Видео) Џина Џиновиќ објави снимка од кревет: Откри какви естетски корекции направила

apostolova

Нападната босанската пејачка Алдина Бајиќ: Покажа модринки и најави дека ќе го пријави случајот во полиција

Еспресо
Се вчитува....