03:22 - 8 ноември, 2026

„ПАРНИ ВАЉАК“ ЌЕ ПОСТОИ, НО АКИ Е НЕЗАМЕНЛИВ: Изјави гитаристот Хус, еден од основачите на бендот

Аки Рахимовски, вокалот на „Парни Ваљак“ почина ненадејно минатата сабота на 66 годишна возраст. На комеморација што се одржа вчера, помеѓу другите присуствуваше и еден од основачите на групата, гитарист и главен композитор Хусеин Хасанефенфиќ-Хус.

(ВИДЕО) ЈА ПЕЕМЕ КАКО ЉУБОВНА ПЕСНА НО ИМА ДРУГО ЗНАЧЕЊЕ: Што се крие зад најголемиот хит на „Парни Ваљак“?

Запрашан дали има некој кој би можел да го замени Аки, со оглед на тоа што „Парни Ваљак требаше да има турнеја оваа година“, Хус на репортерот од „Инкедс“ му рече дека е невкусно да се зборува за тоа во моментот, но одговори:

„Ние како бенд ќе опстанеме како формација, но сигурно нема да го смениме Аки. Можеби во одреден момент ќе свириме концерти со некој пејач кој ќе гостува или нешто слично. Аки е незаменлив. Можеби ќе има ново поглавје, не знам, не размислувам за… Верувајте ми, ќе умреме ако не продолжиме да свириме. Мора да свириме. Ние живееме за да свириме. Сега можеме да престанеме и да биде океј, ќе се снајдат помладите момци, егзистенцијално сме сигурно и без Парни Ваљак… Бендот не ни требаше за да заработиме, ни треба за да свириме“, изјави Хус.

„Мислам дека сигурно ќе одржиме трибјут концерт, мораме поради Аки. Не знам што ќе биде понатаму“, изјави Хус.

СИ ЗАМИНА АКИ РАХИМОВСКИ, МАКЕДОНСКО-ХРВАТСКИ ПЕЈАЧ: За малку нежност, можам да заспијам!

Слични објави

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.
Се вчитува....