14.8 C
Скопје
23:21 - 2 мај, 2024

НИШТО НЕ Е СЛУЧАЈНО: Божиќната честитка на Кејт Мидлтон и принцот Вилијам крие многу интересни детали

кралско семејство

Кога станува збор за божиќните честитки, поточно фотографиите кои членовите на кралското семејство ги прави секоја година, точно е дека ништо не е препуштено на случајноста. Локацијата, облеката, но и деталите кои едвај се гледаат со око се внимателно дизајнирани, а еве на што се фокусирале Кејт Мидлтон и принцот Вилијам оваа година.

И оваа година, како и секоја претходна, Кејт Мидлтон и принцот Вилијам со нивните деца, принцовите Џорџ и Луис и принцезата Шарлот, вложиле многу труд за нивната божиќна честитка, која ја споделија со светот преку социјалните мрежи, да биде посебна.

А на експертите и добрите познавачи на кралските обичаи не им требаше многу време за да ги откријат сите мали и скриени тајни кои се на фотографијата.

Нежни допири во јавност

Иако Кејт Мидлтон и принцот Вилијам се придржуваат до одлуките на кралицата да го сведат на минимум разменувањето на нежности во јавност, тие сепак малку се „опуштиле“ на фотографијата. На семејната фотографија, Вилијам нежно ја ставил раката на коленото на Кејт, а таа го сторила истото, ставајќи ја раката на неговото колено. Можеби изгледа како ситница, но јавното покажување емоции на идниот крал и кралица не е нешто што е вообичаено и на што сме навикнати.

Колената на идниот крал

Друга работа на која Британците не се навикнати се голите нозе на идниот крал. Имено, вистинска реткост е принцот Вилијам да се појави во јавноста во шорцеви, бидејќи поголемиот дел од времето го поминува во одела составени од долги панталони. Ова е и прва година кога Вилијам носи шорц за божиќна фотографија, а всушност открива дека фотографијата е направена на семеен одмор, во кој тој целосно уживал.

Усогласување на боите

И додека шестгодишната принцеза Шарлот и тригодишниот принц Луис се во сини тонови, таа во кариран фустан, а тој во кошула со пруги, Вилијам и Кејт заедно со осумгодишниот принц Џорџ избрале маслинести нијанси. Инаку, маслинестата е бојата што ја носеа и на претходните божиќни
фотографии од едноставна причина – оваа земјена боја симболизира мир и хармонија за време на
божиќните празници.

Посебна врска помеѓу Шарлот и Луис

И додека остатокот од семејството има облека во маслинести тонови, Шарлот е елегантна во син кариран фустан со потпис на „Mango“, Луис во пругаста кошула на Рејчел Рајли. А не се разликуваат ниту по чевлите, бидејќи и двајцата имаат исти сини „Trotter“ патики. Ова не е изненадувачки, бидејќи од раѓањето на Луис, тој и Шарлот биле особено поврзани и блиски.

Многумина сè уште јасно се сеќаваат на фотографијата која Вилијам и Кејт ја објавија по повод третиот роденден на Шарлот, на која се гледа принцезата која заштитнички стои над нејзиниот помал брат.

Блискоста е видлива и во официјалниот портрет од крштевањето на Луис во 2018 година, кога сите гледаат во камерата и се смеат, додека гордата постара сестра е фокусирана на него и нежно го држи за рака.

А сега Шарлот е пример за малиот Луис кој во сè ја копира својата сестра. Така, принцот Вилијам неодамна откри како семејството ужива да слуша музика наутро, а децата танцуваат низ куќата.

„Шарлот најмногу ужива во тоа. Таа трча низ кујната , тотално лудува, а Луис оди по нејзините стапки и се обидува да направи сè што може“, призна Вилијам.

Посебно место

Иако повеќето од нивните божиќни фотографии се направени во нивната куќа на село „Anmer Hall“,
оваа е направена за време на приватно семејно патување во Јордан. Таа земја има посебно значење за Кејт Мидлтон, бидејќи како дете живеела таму две години, додека нејзиниот татко работел за „British Airways“. Очигледно, таа сакала да го пренесе својот ентузијазам за оваа земја на
своите деца и да ги оживее спомените со нив.

Слични објави

„Зошто браќа?“: На Јелена Карлеуша откажан ѝ е настап во Црна Гора

еспресо

Џина Џиновиќ повеќе не може да молчи: Јавно се закани, хаос во вилата во Сењак

Еспресо

(Фото) Врелите фотки на Ена Попов го запалија интернетот: Пејачката го покажа телото во секси бикини

Еспресо

Наташа Беквалац ослабела 10 килограми: Пејачката откри кои намирници се дел од нејзиното мени

Еспресо

„Ете пак…“: Никола Роквиќ доживеа трогателен момент по патот кон Грција

Еспресо

Синовите на Лепа Брена имаат уште по едно име: Стефан го откри неговото вистинско име и на брат му

Еспресо
Се вчитува....