03:41 - 10 ноември, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ НАЈАВУВА: Дожд и снег и во скопскиот регион, еве кога!

– Како што најавивме во текот на следните денови под влијание на студена воздушна маса од север, времето во Македонија ќе се задржи променливо облачно и студено со сончеви периоди и со слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Услови за повремени локални слаби врнежи од снег ќе има за време на викендот. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -7 до 1 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 1 до 7 степени – вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.

Во Скопје и околината во текот на следните денови времето ќе се задржи променливо облачно и студено со слаб до умерен, а повремено и засилен ветер од северен правец.

Според Попоски, наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот помеѓу -1 и 1 степен, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 4 и 7 степени.

Услови за слаби локални врнежи од дожд и од снег во скопскиот регион ќе има за време на викендот.

Слични објави

Огњен Амиџиќ призна за што се кае во животот, па изненади со ставот за луѓето кои не сакаат семејство

Еспресо

Фризерот на Цеца ја критикуваше Александра Пријовиќ: „Ѝ недостига коса, не сè што е скапо е и добро“

Еспресо

„Јас сум аждаја за него“: Карлеуша првпат проговори за своето 24-годишно мoмче, а откри и дали се запознало со Душко Тошиќ

Еспресо

Милан Станковиќ се вратил во манастир: Рада Манојловиќ ги откри деталите

Еспресо

(Фото) Најбогатата српска актерка сподели радосни вести, слави во вилата од 4,5 милиони долари

Еспресо

(Фото) Колинда Грабар-Китаровиќ се појави во Рим облечена во палто од 4.000 евра

Еспресо
Се вчитува....