23.8 C
Скопје
16:18 - 19 октомври, 2026

БИЛИ АЈЛИШ ПРОЗБОРЕ ЗА ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КОРОНАВИРУСОТ: Да не бев вакцинирана, ќе умрев

били ајлиш

Пејачката Били Ајлиш ги откри последиците што коронавирусот ги оставил врз нејзиниот живот и дека е многу благодарна за вакцината за која вели дека ѝ го спасила животот.

Поп-ѕвездата се заразила на почетокот на оваа година. Били вели дека и денеска има последици, но, и покрај тоа, е благодарна што била вакцинирана, инаку немало да преживее.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by BILLIE EILISH (@billieeilish)

Во интервју со Хауард Стерн во неговото радио „Sirius XM“, 19-годишната пејачка рече дека имала тешки симптоми.

„Беше лошо. Мислам, не умрев и нема да умрам, но тоа не го намалува тоа колку беше лошо. Беше страшно. Сè уште имам несакани ефекти. Бев болна околу два месеци“, рече таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by BILLIE EILISH (@billieeilish)

„Сакам да биде јасно дека сум добро поради вакцината. Мислам дека ќе умрев да не бев вакцинирана“, заклучи Били.

Слични објави

Дали ја потврди врската со 25 години помладиот Александар? Карлеуша: „Постарите мажи не чинат за ништо“

Еспресо

Цеца целосно ќелава во спот што никогаш не беше објавен: Еве зошто публиката не го виде

Еспресо

Харис Џиновиќ целосно го прекина контактот со ќерката Ѓина: „Очигледно, не ѝ требам, има заменски татко“

Еспресо

(Фото) Синот на Лозано наполни две години: Пејачот сподели роденденска фотографија, а тетката на Марко му упати емотивна честитка

Еспресо

(Фото) Хуман гест на Луна Ѓогани — му помогна на бездомник со неколку кучиња да добие покрив над главата

К.С.

(Фото) Поранешната Мис на Хрватска прошета низ Мостар – Лаура позираше на Стариот мост во кожена јакна и кратка панталони

Еспресо
Се вчитува....