22.8 C
Скопје
16:15 - 2 мај, 2024

КАНАБИС БИЗНИСОТ ЦВЕТА: Холандските кафулиња со значителна заработка за време на пандемијата

Поради вознемиреноста што пандемијата ја носи со себе или досадата предизвикана од карантините, продажбата на канабис во Холандија достигна нови рекорди.

Ковид е добар за нас“, вели Кармелита, сопственичка на кафулето „No Limit“ во Хаг.

Пред пандемијата, во кафулето доаѓале до 350 клиенти секој ден. Денес, уште една третина повеќе.

„Единствените задоволни од ковид се кафулињата со марихуана“, истакнала таа за „APF“.

По воведувањето на првиот карантин во Холандија во март 2020 година, љубителите на марихуана почнало да ги фаќа паника дека нема да можат да си набават. Пред „кафе-шоповите“, како што Холанѓаните милуваат да ги нарекуваат кафулињата на кои им е дозволено да продаваат канабис,
имало долги редици.

Но, додека рестораните и ноќните клубови останале затворени, марихуана сепак можело да се купи „за носење“ во кафулињата.

Од 1976 година, во Холандија е дозволено пушење хашиш и марихуана, кои може да се купат во
специјализирани кафулиња. Ги има околу триесет само во Хаг, административното седиште на Холандија.

„Порано луѓето одеа во дискотека, но сега кога сè е затворено, тие остануваат дома, каде што повеќе пушат“, вели Кармелита.

Меѓу клиентелата има и домаќинки кои купуваат канабис за подобар сон.

„Нема што да се прави во градот, па сите пушат марихуана со пријателите“, вели осумнаесетгодишната Софија Доктер, која порано пушела два до три пати неделно, а сега тоа го прави шест или седум дена во неделата.

„Така луѓето се справуваат со секојдневните нервози“

Студијата на „Trimbos“, истражувачки институт за ментално здравје и зависности, покажала дека 90
отсто од холандските корисници на канабис пушат исто или повеќе од почетокот на пандемијата. Три четвртини од нив дури и секој ден.

„Не станува збор за тоа дека луѓето сакаат да пушат за да избегаат од реалноста. Тоа е повеќе начин на справување со секојдневните грижи“, вели историчарот Стивен Снелдерс од Универзитетот во Утрехт.

Слично зголемување на употребата на тутунски производи и опиум е забележано во ерата на други пандемии, како што е чумата.

За време на секојдневниот стрес предизвикан од пандемијата, добро доаѓа опуштањето, вели Џерард Смит, сопственик на кафулето „Cremers“ во Хаг.

„Нема ништо лошо во тоа да запалите џоинт додека гледате Нетфликс“, вели Смит, додавајќи дека луѓето повеќе не делат џоинти едни со други.

Слични објави

(Видео) Горан Бреговиќ ја отсвири песната на Сандра Африка на гитара и ги остави сите зачудени: „Неко че ми ночас направити сина“

Еспресо

Јована Јеремиќ сепак одлучи да не се мажи повторно: Не сакам деца, а бракот не ми е важен

Еспресо

(Фото) Таа е најбогатата пејачка на Балканот! Заработува 92 милиони годишно, има две фирми и еден вработен

Еспресо

(Видео) Деми Мур ја покажа завидната фигура: Рамен стомак и минијатурно бикини

еспресо

Астропрогноза за четврток, 2 мај: За Водолиите промена на имиџот, за Вагите комуникација

еспресо

Велики четврток: Што (не)треба да правите на овој ден

еспресо
Се вчитува....