14.8 C
Скопје
18:26 - 3 мај, 2024

(ФОТО) ОСЛАБЕВ 25 КИЛОГРАМИ СО ХРАНАТА ШТО САКАМ ДА ЈА ЈАДАМ: Сосема различно од диетите на кои сме навикнати!

Рози Брин

Рози Брин има 25 години и ослабела 25 килограми, претворајќи ги калоричните оброци во здрави,
а корисниците на „TikTok“ се воодушевени од нејзините рецепти.

Ѕвездата на „TikTok“, која некогаш знаела да прави само пржени јајца, откри нов начин на подготовка на висококалоричните, вкусни јадења.

Со вишокот килограми се борела уште од детството. Додека студирала, јадела готови оброци, брза храна, големи вреќички чипс и многу леб. Исто така, порциите храна ѝ биле огромни и постојано се запишувала во теретана, но никогаш не одела.

„Кога бев помлада, секогаш бев една од највисоките девојки во мојот клас, имав широки раменици и широки колкови. Секогаш се чувствував непријатно и како да сум голема девојка – и имав неверојатно негативен однос со моето тело – но го надминав тоа на 17 години и се чувствував добро со мојата фигура“, вели таа.

„Кога отидов на факултет, примив инекција за контрацепција и одеднаш апетитот ми стана незаситен, а токму тогаш првпат бев одговорна за сите мои оброци. Како што се здебелував, немав никаква самопочит и мојата самодоверба се намалуваше“, продолжува таа.

Постојано уплаќала чланарина за теретана на почетокот на секој семестар и се откажувала
после вториот пат.

„Немав чувство за контрола на порциите и додека завршив факултет се удвоив, но сепак негирав се“, вели таа.

На еден одмор со пријателите во Будимпешта во октомври 2018 година доживеала пресврт. Откако се истуширала, во обид да го завитка пешкирот околу телото сфатила дека целиот, иако огромен пешкир, речиси и не го опфаќа нејзиното тело, а останатите девојки со кои патувала го немале тој проблем.

Дури тогаш сфатила дека се здебелила многу повеќе отколку што мислела, а кога се качила на вагата видела дека има 109 килограми.

Откако дипломирала и ја нашла првата работа, решила да го промени начинот на исхрана. Она што таа го направи е сосема различно од диетите и диеталните оброци на кои сме навикнати кога слушаме за луѓе кои изгубиле тежина.

Таа всушност ги модифицирала своите омилени јадења, калорични и често нездрави, за да бидат поздрави и пониско калорични. На пример, наместо неутрална павлака за готвење со висок процент на маснотии, почнала да става млеко со малку маснотии во тестенините и користела нискокалорично сирење. Така, една порција имала само 490 калории.

Истиот принцип го применила на сите нејзини омилени јадења и веднаш елиминирала стотици калории, а јадењата што ги правела биле и тако, сувлаки, тестенини, па дури и колачи.

Рози најпрво почнала да објавува слики од своите јадења на „Инстаграм“, а потоа рецептите почнала да ги објавува и на „ТикТок“ каде стана вистинска ѕвезда. Напишала и книга со своите рецепти, а во меѓувреме успеала да ослабе 25 килограми.

Како што вели, покрај составот на оброкот, важна е и големината на порциите и калоричната дневна цел.

Слични објави

„Немојте да раѓате деца и…“: Сопругата на Огњен Амиџиќ упати порака и покажа како изгледа

Еспресо

Велигден кај Бреговиќ: За сите по нешто

еспресо

Велики петок: Што (не)треба да се прави на овој ден

еспресо

Промени на добро: Три хороскопски знаци се среќлии на месец мај

еспресо

„Зошто браќа?“: На Јелена Карлеуша откажан ѝ е настап во Црна Гора

еспресо

Џина Џиновиќ повеќе не може да молчи: Јавно се закани, хаос во вилата во Сењак

Еспресо
Се вчитува....