23.8 C
Скопје
09:53 - 16 август, 2026

Наташа Беквалац крие дека има дечко, сестра ѝ ја разоткри пред јавноста

Пејачката Наташа Беквалац се обиде да скрие дека има нов дечко, но нејзината сестрата ја разоткри пред јавноста.

Наташа Беквалац е многу транспарентна, па и кога станува збор за нејзиниот приватен живот, па неодамна за време на гостувањето во емисијата „Амиџи шоу“ не се двоумеше да признае дека би му се вратила на поранешниот сопруг Данило Икодиновиќ.

Сепак, информацијата дека има партнер се обиде да ја скрие, но нејзината сестра упадна во студиото и ја издаде пејачката.

– Не можам да кажам дека за последните седум години не се случило нешто што би ме разбудило како жена, но исто така не можам да кажам дека имам дечко, бидејќи немам. Седум години сум сама – рече пејачката во емисијата „Сцена специјал“, а потоа нејзината сестра Тања упадна во студиото и кратко дофрли: „Лажеш“.

Наташа остана во шок, а потоа одговори:

– Така е кога имате зли сестри – порача пејачката.

Наташа потоа одговори на прашањето дали некогаш размислувала да најде девојка, со оглед на тоа дека трипати се разведувала, а, како што вели, поради децата донесувала одлука да излезе од тие врски.

– Многу ги сакам жените и никогаш не сум се трудела да го сокријам афинитетот кон женската енергија и моќ. Во сѐ ми одговараат, само едноставно не ме привлекуваат, во сексуален поглед – рече Беквалац.

Слични објави

Луксуз до бескрај: Најдобрата пријателка на Лепа Брена објави видео од јахтата „Лејди Би“

Т.Ц.

Дневен хороскоп за 16 август: Не се откажувајте, но внимавајте на непромислени потези

apostolova

Лидија Вукиќевиќ ги откри и тајните за совршената линија и разводот

E.A.

Инстаграм vs реалност – Ивона Јо покажа приватни фотографии, еве што се правело зад сцената

apostolova

Марина Петровска, велнес-советник: Понекогаш една одлука донесена од љубопитност може да ти го промени животот

Еспресо

Бресквица конечно ја откри вистината за аферата со Лука Дончиќ и стави крај на шпекулациите

Еспресо
Се вчитува....