21:02 - 6 ноември, 2026

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Откако се појавија информации дека Мина Костиќ денеска била фатена во кражба во еден трговски центар во Белград, српски „Курир“ стапил во контакт со пејачката, која открила дека станува збор за недоразбирање.

Како што раскажала, таа отишла во продавница со намера да замени корсет во популарен синџир за облека, по што се случила непријатна ситуација. Како што тврди за „Курир“, немала намера да украде ништо, нагласувајќи дека такво нешто не е во нејзин стил и дека била погрешно разбрана.

Таа не знаела дали облеката што не била платена на каса случајно или намерно завршила во ранецот што го понела со себе при излегувањето од продавницата.

– Тоа се глупости. Мислев дека ќе го заменам корсетот, јас не сум таква. Навистина не сум, погрешно ме разбрале – раскажала пејачката.

Таа додаде дека и полицијата што дошла на местото на настанот не верува дека станувало збор за обид за кражба.

– Ни полицијата не верува во таа приказна, што да кажам… – додала таа.

На крајот од разговорот открила дека парчето облека што се нашло во нејзината торба вредело околу 100 евра и дека воопшто не ѝ паднало на памет да направи нешто такво.

– Се чувствувам одлично затоа што знам дека не сум виновна. Не украдов ништо. Што друго да кажам? Зошто би крадела? Тоа чини 100 евра, не сум полудела за да направам такво нешто – заклучила пејачката.

Слични објави

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.

(Фото) Синот на Лепа Брена не ја крие девојката: Александра во мини-фустан привлече внимание на семејна прослава

Еспресо

(Видео) Јелена Спенџарска ужива во Бугарија — се капеше во студен базен среде ноември и се пошегува на своја сметка

К.С.

Што открива денот во кој сте родени за вашиот карактер и за вашата судбина според древната астрологија?

Т.Ц.

(Видео) Ацо Пејовиќ откри како го лекува мамурлакот, па призна со кого најмногу сака да пие: „Само Саша Матиќ може да ми парира“

Еспресо

(Видео) Николија првпат проговори за тајната венчавка со Реља: Весна Змијанац не присуствувала на прославата

Еспресо
Се вчитува....