11.8 C
Скопје
20:09 - 15 октомври, 2026

Цеца само што не се расплака поради Анастасија: Знам како се чувствуваше тогаш, тоа ме растажува многу

Цеца Ражнатовиќ синоќа одржа спектакуларен концерт во Краљево пред илјадници луѓе, а непосредно пред да излезе на сцената, ја изненади посетата на сестрата на нејзиниот покоен сопруг Жељко Ражнатовиќ Аркан, Билјана.

Таа сега раскажа некои детали од таа средба и истакна дека се во одлични односи. Цеца раскажа и зошто Билјана Ражнатовиќ Кокеза не останала на нејзиниот концерт. Кога ја прашале каква била таа средба, пејачката рекла:

– Па, многу искрена, многу емотивна. Во прекрасни односи сме. Билјана е мажена овде во Краљево и отсекогаш живеела во Краљево со целото семејство. Всушност, немаме можност многу да се гледаме, да се дружиме. Секој си има свој живот. Сите живееме многу брзо, за жал, но бев толку среќна што ме изненади и дојде да ме види и се прегрнавме и бакнавме. И таа е болна, дојде болна да ме види, затоа си отиде да си легне – рече Ражнатовиќ.

Потоа таа откри уште еден емотивен момент, откако Анастасија неодамна сподели фотографија создадена со помош на вештачка интелигенција, на која таа позира со својот татко.

– Многу е емотивно за мене. И кога Анастасија ја закачи фотографијата, знам како се чувствуваше и што разбуди тоа во неа. Секако не те прави среќен. Ги буди најтажните емоции и, едноставно кажано, гребе во таа голема празнина, незаменлива празнина. Онаа што никогаш не можев да ја пополнам со ништо, ниту кај Вељко ниту кај неа. Ниту може да се пополни, ниту може да се замени, ниту може да се најде соодветна замена. Едноставно не постои. Но, ако во некој момент ѝ дало барем малку задоволство, го поддржувам. Мене на пример, ми е многу е тажно – заклучи Цеца.

Слични објави

(Фото) „Умрев и се родив повторно“: Марија Шерифовиќ и Јована Пајиќ се искачија на врвот на вулкан на Бали

Еспресо

Весна Змијанац откри дека има додворувач кој се обидува да ѝ го освои срцето: „Една година е постар од мене“

Еспресо

(Фото) Натали Грубовиќ има нов повод за славење — поранешната водителка магистрираше на Економскиот факултет во Скопје

К.С.

(Фото) По 17 години повторно на истото место: Виктор Живојиновиќ и Лепа Брена ја повторија фотографијата од неговото детство

Еспресо

Северина за 12-годишната битка за старателство: „Од судењата ги паметам само зборовите на моите адвокати“

Еспресо

„Небото го испрати, а тој ја испеа на небесен начин“ – приказната зад „Цреша“, песната што Тоше Проески ја нарече автобиографска

Т.Ц.
Се вчитува....