05:29 - 29 ноември, 2026

МОМЧЕТО НА КИМ КАРДАШИЈАН ЌЕ ЛЕТА ВО ВСЕЛЕНАТА: Пит Дејвидсон ќе биде гостин во ракетата која се лансира следната недела!

Комичарот Пит Дејвидсон, актуелно момче на старлетата Ким Кардашија, следната недела ќе стане астронаут. Како што протече информација пред неколку дена, а сега е веќе потврдена, комичарот и водител на американската емисија „Saturday Night Live“ ќе опатува во вселената со компанијата на Џеф Безос, Blue Origin.

Основачот на Амазон овојпат нема да биде меѓу оние кои ќе патуваат во веслената. Во овој четврти лет на компанијата ќе освен „избрани“ луѓе, ќе има и екипаж, претприемачи кои имаат бизнис поврзан со вселената и филантропи. Мисијата ќе се случи следната среда, на 23 март.

Уште пет луѓе ќе му се придружат на Пит во овој нов потфат на вселенската компанија. Комичарот ќе биде гостин на летот, додека другите си го купиле билетот по прилично солена цена.

Ракетата „Њу Шепард’ ќе биде лансирана во вселената од место во Западен Тексас. Летот ќе трае приближно 10 минути и патниците ќе можат да искусат микрогравитација. Ова ќе биде четврта мисија на „Њу Шепард“.

Инаку, Безос полета во вселената на 20 јули минатата година со првата мисија „Њу Шепард“. Втората мисија беше во октомври, а третата во декември.

Пит Дејвидсон е во врска со Ким Кардашијан речиси половина година. Минатиот петок таа на својот Инстаграм профил конечно објави дека е во врска со Пит, постирајќи две заеднички фотографии.

инстаграм

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kim Kardashian (@kimkardashian)

Слични објави

Во сообраќајна несреќа во Белград загина поранешниот сопруг на пејачката Ивана Шашиќ

Е.А.

(Фото) Голема прослава кај семејството Ѓоковиќ – снаата едвај ја пресече тортата, Дијана позира покрај синот и внукот

Еспресо

Ацо Пејовиќ откри каде ја сретнал Наоми Кембел: „Ќерка ми се пошегува дека конечно ќе продолжиме таму каде што застанавме“

Е.А.

Јаков Јозиновиќ за дуетот „Сузе“ со Џејла Рамовиќ и гласините за врска: „Приватниот живот го чувам за себе, но нејзината поддршка многу ми значи“

Е.А.

Јелена Карлеуша за поранешните пријатели: „Ме ограбија и ме измамија“

Еспресо

Заштедете време и труд — пет работи што ги перете на рака, а можете да ги исперете во машина

К.С.
Се вчитува....