07:45 - 29 ноември, 2026

Меган Маркл чека трето дете далеку од очите на јавноста: Според НАЈНОВИТЕ ГЛАСИНИ сака да се „изедначи“ со Кејт Мидлтон

меган маркл, принц хари

Според најактуелните гласини, Меган Маркл наскоро би можела да стане мајка по трет пат!

Трет штрк доаѓа за Хари и Меган Маркл? Според гласината што ги објави италијанското списание „Дилеи“ (а кои засега остануваат непотврдени), поранешната војвотка од Сасекс одлучила да се изедначи со својата снаа Кејт Мидлтон со тоа што ќе добие и таа – трето дете.

Таа и Хари веќе се родители на малите Арчи и Лилибет Дијана (која, според гласините, сè уште не ја запознала својата прабаба, кралицата Елизабета).

Според гласините кои стануваат сè погласни, многу наскоро Меган Маркл би можела да го направи принцот Хари татко по трет пат. Двајцата, кои престојуваат во Соединетите држави повеќе од една година, го планираат доаѓањето на третото бебе, далеку од очите на љубопитните.

Минатиот јуни семејството се прошири со доаѓањето на свет на малата Лилибет Дијана, но Хари и Меган не ја „претставија“ принцезата на пошироката јавност, а се зборува дека и кралицата Елизабета е лута поради тоа што не ја запознала внуката.

Дали парот порано или подоцна ќе ја потврди веста за наводната трета бременост на Меган? Фановите се желни да дознаат повеќе…

Полусестрата на Меган Маркл тврди дека Арчи го родила сурогат мајка и дека Хари можеби не е негов татко

Слични објави

Во сообраќајна несреќа во Белград загина поранешниот сопруг на пејачката Ивана Шашиќ

Е.А.

(Фото) Голема прослава кај семејството Ѓоковиќ – снаата едвај ја пресече тортата, Дијана позира покрај синот и внукот

Еспресо

Ацо Пејовиќ откри каде ја сретнал Наоми Кембел: „Ќерка ми се пошегува дека конечно ќе продолжиме таму каде што застанавме“

Е.А.

Јаков Јозиновиќ за дуетот „Сузе“ со Џејла Рамовиќ и гласините за врска: „Приватниот живот го чувам за себе, но нејзината поддршка многу ми значи“

Е.А.

Јелена Карлеуша за поранешните пријатели: „Ме ограбија и ме измамија“

Еспресо

Заштедете време и труд — пет работи што ги перете на рака, а можете да ги исперете во машина

К.С.
Се вчитува....