14.8 C
Скопје
09:12 - 3 мај, 2024

Марин Ле Пен и нејзините финансиски односи со Русија: „Јас сум апсолутно слободна жена!“

Пресвртната точка била во 2014 година: во февруари истата година избувна првата криза меѓу Русија и Украина, што доведе до анексија на Крим, а Марин Ле Пен застана на страната на Путин.

За време на телевизиската дебата на 20 април, Емануел Макрон ја обвини ривалката Марин Ле Пен – лидер на Националниот собир, француска десничарска партија – дека „зависи од руската моќ“. Напаѓајќи ја за односите со Русија, тој ја потсети дека е „меѓу првите пратеници што го признаа резултатот од анексијата на Крим од Русија. Така беше, и ова го велам многу сериозно, бидејќи таа е зависна од руската моќ и од г-дин Путин неколку месеци откако подигнавте заем во 2015 година од руска банка блиска до власта, тогаш повторно преговаравте за овој заем со други актери вклучени во војната во Сирија“.

Кога разговара со Русија, продолжи Макрон, „таа зборува со својот банкар“, а не со директори од друга земја. И додаде: „Можеби затоа кога треба да се направат храбри избори, ниту вие, ниту вашите претставници не сте присутни на состанокот“ и на крајот заклучи : „вашите интереси се поврзани со оние на Русија“.

Марин Ле Пен на нападот одговара вака: „Ако бев принудена да одам во странство за да земам заем, тоа е затоа што ниту една француска банка не се согласи да ми го даде. Јас сум апсолутно слободна жена “.

Но, дали таа поврзаност со рускиот финансиски систем навистина ја прави „слободна жена“?

Првите односи меѓу Ле Пен и Путин датираат од 2011 година кога новата лидерка на Националниот собир ( Ressemblament National) – во интервју за рускиот економски весник, Комерсант, изјавува дека сака да развива врски со Москва, наместо со Вашингтон, поради  „стратешки интереси и заеднички цивилизации“. Во интервјуто може да се види силното восхитување кон Владимир Путин.

Во 2013 година, Ле Пен го организираше своето прво патување во странство во Русија и на Крим, каде што беше пречекана од Сергеј Наришкин, тогашен претседател на Думата, а денес директор на СВР, руската меѓународна разузнавачка служба.

Пресвртна точка во односите беше 2014 година. Во февруари истата година избувна првата криза меѓу Русија и Украина, што доведе до анексијата на Крим. Ајмерик Шопрад, меѓународен советник на Ле Пен, беше поканет од проруска невладина организација како надворешен набљудувач на референдумот на 16 март, чии резултати лидерката на партијата ги дефинира како „неспорни“. Во овој период, поддршката на партијата на Ле Пен за Русија се интензивира и во институционални услови: според Николас Лебур, француски историчар специјализиран за екстремно десничарските движења во Европа, во 2014 година, европратениците на француската екстремна десница гласаа 93% против резолуциите кои беа во спротивност со интересите на Москва.

По плебисцитарниот референдум со кој се потврдува припојувањето на Крим кон Русија, Марин Ле Пен застана на страната на Москва, а сето тоа беше откриено од пораките хакирани од Анонимус.

Но, односите на Ле Пен и Путин стануваат блиски, финансиски блиски, со заемите што ги добиле од банките во Москва и Будимпешта. Поточно, над 9 милиони евра од Русија во 2017 година и 10,6 милиони од Унгарија, за финансирање на претседателската кампања во 2022 година. Под кои услови? Лидерката никогаш не одговори на ова прашање освен што рече „Јас сум слободна жена. Француските банки ми ги затворија вратите “. Но, зошто да ги изберет Москва и Будимпешта?

Истрагата на новинарите на Mediapart (независен онлајн магазин за француска истражувачка мисла создаден во 2008 година од Едви Пленел, поранешен главен уредник на Le Monde) открива дека Националниот собир првично побарал од руските банки заеми од 40 милиони евра, до 2017 година. .

За да ја исткаат мрежата на економските односи меѓу француската суверена десница и банките контролирани од московскиот режим имало неколку посредници, задолжени да одржуваат контакти со Париз и да ги спојат со големите имиња на режимот во Москва. Меѓу нив, бил и Константин Малофеев, ултранационалистички олигарх.

Првата чешка руска банка (Fcrb), основана во 1996 година со капитал од Прага и Москва, купена во 2002 година од StroyTransGaz (Stg), руската компанија која гради гасоводи за Гаспром, обезбедила руски заем од 9 милиони.

Интересното е што во 2016 година оваа банка била прогласена за несолвентна од гувернерот на руската централна банка Елвира Набиулина (која денес на секој можен начин се обидува да ги запремеѓународните санкции врз руската економија).

Се поставува едно прашање, пишува „раињуз“: што стана со заемот на партијата на Ле Пен? Дали е вратен?

Во 2017 година, по првата средба со Ле Пен и близу до француските претседателски избори, Владимир Путин изјавил: „Не сакаме на кој било начин да влијаеме на настаните што се во тек“.

Пет години подоцна, на ред се уште едни избори, и уште еден заем. Овој пат од Унгарија на Орбан, долгогодишен пријател на Путин.

Истата приказна, на која не одговара Марин Ле Пен, пренесува „раињуз.ит“.

Слични објави

Велики петок: Што (не)треба да се прави на овој ден

еспресо

Промени на добро: Три хороскопски знаци се среќлии на месец мај

еспресо

„Зошто браќа?“: На Јелена Карлеуша откажан ѝ е настап во Црна Гора

еспресо

Џина Џиновиќ повеќе не може да молчи: Јавно се закани, хаос во вилата во Сењак

Еспресо

(Фото) Врелите фотки на Ена Попов го запалија интернетот: Пејачката го покажа телото во секси бикини

Еспресо

Наташа Беквалац ослабела 10 килограми: Пејачката откри кои намирници се дел од нејзиното мени

Еспресо
Се вчитува....